Рубрика: Телекомуникации
MAKSOUNDRADIO-2004 – гласот на Македонија низ светот
Објавено на 12.08.2025 - 20:30

MAKSOUNDRADIO-2004 е онлајн радио создадено со една јасна мисија – промоција на македонската музика и култура, без граници, која на овој начин станува достапна 24/7 за слушатели од целиот свет.

Македонија отсекогаш имала душа што пее. Од старите народни песни што се пееле на чаршиите, до модерните хитови што ја полнат сцената – нашата земја има музика што допира до срцето. Но, за да живее музиката – таа мора да се слуша!”, вели Петар Тоцев основачот на MAKSOUNDRADIO-2004 

Водени од ова гесло, оваа интернет радиоплатформа е достапна во повеќе земји, ја поврзува македонската дијаспора и ја претставува нашата култура на оние што првпат ја откриваат. На оваа платформа постор има за сите – за секој македонски артист, независно од жанрот во којшто твори. Од традиционално до современо – легенди од минатото и нови таленти од иднината

МАКСАУНД има отворен повик до сите македонски артисти, кои ги повикува да  станат дел од овој проект на тој начин што ќе ги испратат нивните музички дела. Повикот истакнува дека се добредојдени песни од сите жанрови – народна, поп, рок, хип-хоп, електронска, инструментална музика…

Ако сакате вашата песна да се слушне ширум светот преку платформата на Максаунд радио, можете да им испратите некои од вашите проекти во MP3 или WAV формат. Ова можете да го сторите преку некој од сервисите за споделување на датотеки (WeTransfer, на пример) а пратката треба да ја адресирате на maksoud2004@outlook.com, притоа потребно е да се додаде и краток опис за авторите и изведувачот/иведувачите за да можат слушателите поблиску да ги запознаат.

Максаунд радио можете да го слуѓате во живо на https://a12.asurahosting.com/public/maksound_radio-2004 https://rade1974.github.io/MAKSOUND-RADIO/ 24/7 – секогаш, секаде, без пауза!

Клучни зборови: