Енергетика
Како главен аргумент на властите против самостојна изградба на ПАХЕ „Чебрен“ се посочува студијата на германската консултантска куќа Фихтнер (Fichtner) од 2016 година, според која електраната е на самата граница на исплатливост или дури е неисплатлива. Според властите, ако електраната е неисплатлива, на Грците требало да им се даде ХЕ „Тиквеш“, за да им станел проектот исплатлив. Од друга страна, нивната добивка е наша загуба.
Објавено на 12.12.2023 - 13:30

Информатика
Претставниците на земјите-членки на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор за правилата за користење на вештачката интелигенција, објави европскиот комесар за внатрешни пазари, Тиери Бретон.
Објавено на 12.12.2023 - 12:30

Информатика
Француската старт-ап компанија за вештачка интелигенција, Mistral AI во неделата објави дека успеала да собере 385 милиони евра, со што се најде на второ место на листата европски лидери во доменот на вештачка интелигенција, веднаш зад германската компанија Алеф Алфа. Платформата за вештачка интелигенција и големи јазични модели (LLM) развиена од Mistral AI е делумно одговор на предизвиците на јавната злоупотреба и безбедносните проблеми со кои се соочува ChatGPT, но истовремено стреми да стане конкурент на производот на OpenAI.
Објавено на 11.12.2023 - 16:00

Енергетика
На 6 декември во Битола беа одржани два настана на тема “Модерни системи за одржливо загревање на домаќинствата во Битола”, на коишто беше презентирана студијата “Анализа на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион”. Трудот ја испитува моменталната состојба со греењето во Битолскиот Регион (покривајќи ги општините Битола, Могила и Новаци), и нуди алтернативни решенија со користење на децентрализирани системи за греење, е изработена од Вања Џинлев, асистент и истражувач за енергетика при Федералниот институт за технологија во Цирих.
Објавено на 11.12.2023 - 11:00

Енергетика
Вчера во просториите на Културно информативниот центар во Скопје, во Салонот 19:19, групата Инженери на Република Македонија организира и одржа јавна дебата на тема „Чебрен – македонски ресурс – не е за раздавање". На јавната дебата воведни излагања имаа проф. д-р Константин Димитров, дипл. инж. (Машински факултет Скопје, проф. д-р Арсен Арсенов, дипл. инж. (Електротехнички факултет Скопје), проф. д-р Атанаско Туневски, дипл. инж. (Машински факултет Скопје) и проф. д-р Дејан Трајковски, дипл. инж. (Технички факултет Битола). Експертите се сите согласни – да, Чебрен треба да постои, но не под овие услови и по оваа цена! Суштински нужно е овој проект да се реализира во полза на Македонија, а не на штета на граѓаните.
Објавено на 08.12.2023 - 01:45

Астрономија и астронаутика
Црните дупки, космичките џинови познати како извор на некои од најсветлите извори на радиобранови во универзумот, беа фокусната точка на студијата предводена од професорот Мајкл Браун, од Факултетот за физика и астрономија при Универзитетот Монаш. Истражувачите навлегоа во мистериите на радиобрановите емитувани од најмасивните црни дупки користејќи го најсовремениот австралиски радиотелескоп ASKAP (Australian Square Kilometer Array Pathfinder).
Објавено на 06.12.2023 - 16:45

Информатика
Во вторникот биткоинот ја надмина вредноста од 43 000 американски долари, за првпат од април 2022 година. Цената на биткоинот се зголеми за речиси 4% на 43 478,00 американски долари. Во еден момент, монетата се тргуваше дури и до 43 977,40 американски долари.
Објавено на 06.12.2023 - 13:45

Медицина
Тим истражувачи од Универзитетот Дјук развија метод за проширување на досегот на CRISPR технологиите. Ако оригиналниот CRISPR систем можеше да таргетира само 12,5% од човечкиот геном, новиот метод го проширува пристапот до речиси секој ген за потенцијално таргетирање и лекување на поширок опсег на болести со инженеринг на геномот. Во истражувањето биле вклучени и научници од Универзитетот Харвард, Технолошкиот институт во Масачусетс, Медицинскиот факултет при Универзитетот во Масачусетс, Универзитетот во Цирих и Универзитетот Мекмастер, а резултатите се објавени денес во Nature Communications.
Објавено на 05.12.2023 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Индиската вселенска агенција (ISRO) постигна историски, но неочекуван подвиг со повторното поставување на погонскиот модул од нивната лунарна сонда во орбитата на Земјата. Потфатот, кој иако првично не беше предвиден, беше успешно завршен и претставува важна пресвртница како за ISRO, така и за вселенските истражувања, воопшто.
Објавено на 05.12.2023 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Кон крајот на јули оваа година, астероидот 2023 NT1 со пречник од околу 30-60 метри пролета крај нашата планета, поминувајќи на една четвртина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, т.е. на приближно 95 000 километри. Ако нѐ погодеше, експлозијата на астероидот ќе беше околу три пати посилна од онаа што се случи во Челјабинск, Русија, во 2013 година, настан во кој имаше околу илјада повредени и кој нанесе значителна штета на инфраструктурата. Имаме ли можност да се одбраниме и од вакви закани?
Објавено на 04.12.2023 - 16:45

Pages