По подолго боледување на 81-годишна возраст почина еден од визионерските пронаоѓачи и претприемачи, Сер Клајв Синклер. Клајв Синклер има навистина многу достигнувања, иако на само 17 години ќе го напушти училиштето, за потоа да работи четири години како новинар, со цел да собере средства за основање на Синклер Радионика во 1961 година, компанија посветена на производство на Hi-Fi опрема. Денес неговото име е неразделно поврзано со историјата на компјутерите и 8-битната ера.