Меѓународен тим ја квантифицираше стапката на генетско наследство кај птиците и цицачите. Дарвиновата теорија за еволуцијата ја опишува природната селекција како успешна адаптација на еден вид како резултат на генетските промени наследени со текот на времето. Иако ова традиционално се сметаше за релативно бавен процес, што значи дека се потребни најмалку неколку генерации за да се случи промената, се чини дека веројатно сме ги потцениле стапките на генетско наследство. Меѓународниот тим, во чијшто состав влегле 40 истражувачи од 27 научни институции, откри дека „двигателот на еволуцијата“ се чини дека е поприсутен отколку што досега се сметаше, а природната селекција се случува со два до четири пати поголема брзина.