Еден меѓународен проект сака да ги објави сите органски соединенија присутни во храната што ја јадеме. Целта е подобрување на здравјето и безбедноста на храната. Што се готви? Како одговор на ова прашање би можеле да ја наведеме секоја од состојките што сме ја употребиле во приготвувањето на јадењето, веројатно и добар дел од макронутриентите: јаглени хидрати, протеини, липиди... Но, ако треба да навлезаме уште подетално во составот на оброкот, веројатно ќе се изнамачиме пред да одговориме, ако воопшто и можеме.