Астрономија и астронаутика
Доцна синоќа, околу полноќ по средноевропско време, екипажот на Inspiration4 официјално ја започна новата ера на вселенско истражување. Мисијата беше лансирана со ракетата Falcon 9 на SpaceX од историскиот комплекс за лансирање 39А на НАСА, во вселенскиот центар Кенеди, Флорида.
Објавено на 16.09.2021 - 14:15

Медицина
Со доцнење од две недели, Институтот за јавно здравје – Скопје конечно ги објави броевите на активно хоспитализирани и досега испишани од болниците. Бројот на активно хоспитализирани во неделата (12.9.2021) опадна на 983, од рекордните 1176 една недела претходно.
Објавено на 16.09.2021 - 11:00

Информатика
Твитер најави воведување на ознаки за автоматизираните сметки. Функцијата овозможува овие сметки да бидат означени како “бот” сметки за луѓето да можат да ги разликуваат автоматизираните сметки од сметките управувани од луѓе.
Објавено на 15.09.2021 - 13:00

Медицина
Уште пред 2-3 дена репродукцискиот број Rt започна да ни ги упатува првите абери за забавување на намалувањето на дневните броеви. Иако тој сé уште е под единица, индицирајќи намалување (на дијаграмот на првата слика), се работи за усреднети вредости, односно седумдневна подвижна средина. Последниве три дена имаме надединечни дневни вредности за Rt, но можно е тоа да е резултат на аномалијата со намалениот број на тестирања за празникот 8. Септември. Поради инерцијата броевите не можат веднаш да започнат да растат, за тоа би им требало барем десетина дена, но минатата година во приближно истиот период имавме речиси идентична слика.
Објавено на 13.09.2021 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Заборавете на онлајн игрите што ви ветуваат “цел нов свет“ за истражување. Еден меѓународен истражувачки тим создаде цел виртуелен универзум којшто го постави во облак и е слободно достапен за сите кои ќе посакаат да го истражуваат.
Објавено на 13.09.2021 - 13:15

Омнибус
Веќе речиси 1 година е активна Фејсбук групата МК Хоби Алат за споделување на искуства на македонските хобисти за разновидни алатки што се нудат на нашиот пазар. Во оваа група може да се запознаете со искуствата при користење на алатки за разновидни занаети.
Објавено на 10.09.2021 - 13:00

Информатика
Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, во понеделникот потврди дека неговата влада ги купила првите 200 биткоини пред да го воведе новиот закон со којшто криптовалутите треба да станат законско средство за плаќање.
Објавено на 09.09.2021 - 12:45

Телекомуникации
Владимир Ковачески, Z35M во просториите на Радиоклубот Славеј од Струга во 90-те години од минатиот век
Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија е одржана во првите минути на 8-ми септември 1991 година, со телеграфија на 40 м опсег помеѓу стружанецот Владимир Ковачески, YU5KV (Z35M) и британецот Вернон Емс , G3IUS.
Објавено на 08.09.2021 - 12:15

Информатика
Што се очекува да понуди новиот оперативен систем од Microsoft за корисниците со најголеми побарувања? Windows 11 е дизајниран да ги искористи погодностите на најновите хардверски иновации, а истовремено да биде подостапен како за развојните инженери така и за обичните корисници...
Објавено на 07.09.2021 - 13:00

Медицина
Вакцината ZyCoV-D е предводник во новиот бран на ДНК вакцини наменети за повеќе различни болести. Голем дел од овие вакцини веќе се пуштени во фаза на клинички испитувања низ светот.
Објавено на 06.09.2021 - 15:00

Pages