Телекомуникации
SpaceX ги прикажа првите текстуални пораки разменети помеѓу телефони на T-Mobile преку еден од сателитите на Starlink поставени во ниската орбита на Земјата
Објавено на 12.01.2024 - 10:30

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија за последиците од експлозијата на супернова што ја набљудуваа двата астрономски тима од ЕСО
Астрономите пронајдоа директна врска помеѓу експлозивната смрт на масивните ѕвезди и формирањето на најкомпактните и загадочни објекти во Универзумот – црните дупки и неутронските ѕвезди. Со помош на телескопите VLT (Very Large Telescope) и NTT (New Technology Telescope) на Европската јужна опсерваторија, два астрономски тима ги набљудува последиците од експлозијата на супернова во една блиска галаксија, при што најдоа докази за мистериозен компактен објект експлозијата го оставила зад себе.
Објавено на 12.01.2024 - 10:00

Биологија
Ако сметавте дека се работи за смешен дел од науката и дека токму ова е следниот кандидат за Иг Нобел наградите, размислете повторно. Според научниците откривањето на ензимот којшто ја дава типичната светло-жолта боја на мочката може да обезбеди подобро разбирање за низа здравствени проблеми...
Објавено на 11.01.2024 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Компанијата која се надева дека ќе биде првото приватно претпријатие што ќе слета на Месечината потврди дека целта на мисијата е недостижна. За потсетување Астроботик со помош на ракетата Вулкан на United Launch Alliance, во понеделникот ја лансираше својата роботизирана вселенска сонда Перегрин.
Објавено на 10.01.2024 - 14:45

Историја и археологија
Археолозите пронајдоа огромно античко утврдување околу оазата Кајбар во северноарапската пустина. Се работи за едно од двете најголеми фортификациски градби пронајдени во Саудиска Арабија.
Објавено на 10.01.2024 - 14:15

Климатологија
Аномалија на температурата на површинскиот воздух за 2023 година во однос на просекот за референтниот период 1991-2020 година.
Службата за следење на климатските промени Коперник (C3S) на Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег потврди: 2023 година е најтоплата година досега.
Објавено на 10.01.2024 - 12:15

Астрономија и астронаутика
По вчерашното историско лансирање со ракетата Вулкан, сондата Перегрин страда од сериозна аномалија што го става под знак прашалник самото пристигнувањето на нејзината конечна дестинација – Месечината. Следните неколку часа се одлучувачки.
Објавено на 09.01.2024 - 12:30

Информатика
По еуфоријата, но и стравот што го зафати светот со појавата на ChatGPT, една година подоцна пристигнува првиот регионален голем јазичен модел со 7 милијарди параметри – YugoGPT. Во интервјуто дадено неодамна за порталот на РТС, неговиот творец Алекса Гордиќ откри што идните корисници можат да очекуваат од овој јазичен модел.
Објавено на 05.01.2024 - 17:15

Медицина
Перфлуороалкилните супстанции (PFAS) или перфлуороакрилни киселини, семејство на широко користени индустриски хемиски соединенија што се широко распространети во околината и кои се сметаат за фактори на ризик за голем број болести, може да ја забрзаат прогресијата на ракот. Ова го укажува студијата која се обиде во лабораториски услови да изложи групи на клетки од канцер на дебелото црево на значителни концентрации од PFA.
Објавено на 05.01.2024 - 10:45

Сеизмологија
Земјотресот што ја погоди Јапонија на првиот ден од оваа година беше силен, со магнитуда од 7,5 степени според Рихтер. Но, највпечатливиот доказ за јачината на овој земјотрес е поместувањето на тлото што тој го предизвика. Имено, на некои места тлото се издигна и до 4 метри, а се помести странично за повеќе од еден метар! Како Јапонија успеа да го ограничи бројот на жртви при ваков разорен земјотрес? Еве што треба да научиме од јапонскиот систем...
Објавено на 04.01.2024 - 15:00

Pages