Медицина
Перфлуороалкилните супстанции (PFAS) или перфлуороакрилни киселини, семејство на широко користени индустриски хемиски соединенија што се широко распространети во околината и кои се сметаат за фактори на ризик за голем број болести, може да ја забрзаат прогресијата на ракот. Ова го укажува студијата која се обиде во лабораториски услови да изложи групи на клетки од канцер на дебелото црево на значителни концентрации од PFA.
Објавено на 05.01.2024 - 10:45

Сеизмологија
Земјотресот што ја погоди Јапонија на првиот ден од оваа година беше силен, со магнитуда од 7,5 степени според Рихтер. Но, највпечатливиот доказ за јачината на овој земјотрес е поместувањето на тлото што тој го предизвика. Имено, на некои места тлото се издигна и до 4 метри, а се помести странично за повеќе од еден метар! Како Јапонија успеа да го ограничи бројот на жртви при ваков разорен земјотрес? Еве што треба да научиме од јапонскиот систем...
Објавено на 04.01.2024 - 15:00

Енергетика
Секогаш треба да дадеме поддршка кога се прави нешто ново и корисно, но не и по цена на неоправдани трошоци и загуби. Спречувањето на идните штети, за кои толку многу зборувавме во изминатите 3-4 месеци, се единствената причина зошто пропаѓањето на тендерот за ПАХЕ „Чебрен“ можеме да го сметаме за релативен успех.Но, да се вратиме на техничко-економски терен и да ги разгледаме нашите опции за во иднина. Многумина ќе бидат изненадени, но на листата на приоритети Чебрен не се наоѓа многу високо.
Објавено на 03.01.2024 - 22:15

Астрономија и астронаутика
Денес, среда, 3 јануари, точно во 1 часот и 38 минути по средноевропско (македонско) време, Земјата ја достигна позицијата перихел за 2024 година. Всушност, денес Земјата беше најблиску до Сонцето за оваа година, или на само 147 100 632 km. Точното растојание и време кога Земјата ќе биде во перихел, варираат од година во година. Така на пример, следната година при перихел, Земјата ќе биде 3054 километри подалеку од Сонцето, а моментот ќе се случи еден ден подоцна (4 јануари 2025 година во 14 часот и 28 минути).
Објавено на 03.01.2024 - 16:30

Омнибус
Иако многу аспекти од 2024 година засега се сè уште непознати, она на што можеме да се радуваме е многуте научни проекти и истражувања што треба да се случат или финишираат оваа година, имајќи предвид дека веќе подолго време се крчкаат. Како што нѐ потсети написот објавен кон крајот на декември во Nature , следниве 12-те месеци треба да донесат важен развој за науката, особено во доменот на вселенските истражувања, вештачката интелигенција, физиката и здравјето.
Објавено на 03.01.2024 - 14:15

Физика
Веројатно веќе сте забележале дека кога млазот од чешмата ќе удри во дното на мијалникот, водата истекува формирајќи најнапред финa мазнa површина, а потоа на одредено растојание се формира своевиден набор и протокот како да станува погуст. Овој феномен, наречен хидраулички скок, е генерално стабилен. Но, како што откриваат истражувачите, под одредени услови тој може да почне да осцилира!
Објавено на 29.12.2023 - 17:00

Електроника
Сликата е генерирана од ВИ
Микрофонскиот предзасилувач од овој кус напис е мошне едноставен за изработка и остава големи можности за експериментирање, со цел да се прилагоди на следниот засилувачки степен и да се добие квалитетен звук.
Објавено на 29.12.2023 - 16:15

Омнибус
Со жалење ја пренесуваме веста дека на 25 декември, на 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ, поранешен атлетичар, професор по историја во пензија и автор на десетици научно-популарни статии објавени во списанието и на веб порталот ЕМИТЕР.
Објавено на 29.12.2023 - 14:30

Информатика
Овој декември Google конечно го подобри својот четбот Bard со моделот на вештачка интелигенција од најновата генерација наречен Gemini. Според изјавите на калифорниската компанија, овој модел треба да ги надмине перформансите на ChatGPT и моделите од другите конкуренти. Ракавицата е беше фрлена кон OpenAI токму во деновите кога водечката компанија на полето на ВИ ја тресеа силни превирања. Се сеќавате, нели, Сем Алтман беше отпуштен, па поканет да работи во Мајкрософт, за на крај пак да се врати на челото на компанијата.
Објавено на 28.12.2023 - 18:30

Фототехника
28 декември фигурира како роденден на седмата уметност. Фотографската уметност, пак, е предвесник на филмската, и нивната поврзаност е несомнена како од технички, така и од креативен аспект. Знаете ли која е првата фотографија воопшто во историјата? Не? Овој текст се занимава токму со тоа, со првите фотографии на различни теми. Ѕирнете кој е првиот фото-портрет во историјата, првата фотографија на Месечината, првото фото објавено во весник како илустрација на напис...
Објавено на 28.12.2023 - 13:15

Pages