Омнибус
Неодамна добив покана да присуствувм на изложбата Музеј за сите – мултисензорно искуство – сликите можат да се допрат, сликите зборуваат. Со особено внимание го најавив присуството на овој несекојдневен проект чијашто цел е подобрување на животот на лицата со посебни потреби од секаков вид. Имено, како поранешен вработен во Центарот за социјална работа Битола една од обврските ми беше средување на документацијата за лицата со посебни потреби, посета и помош во рамките на Законот за социјална работа, па оттаму знам дека инклузијата на овие лица во секој сегмент е од особена важност.
Објавено на 30.11.2022 - 09:30

Геологија
Снимка на ерупцијата направена од воздух, вчера, од страна на Американската геолошка служба
По „хибернација“ од речиси 40 години, Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на планетата, кој се наоѓа на Хавајските острови, одново еруптира.
Објавено на 29.11.2022 - 14:45

Информатика
Настрана од повремената козметичка промена на почетната страница, која може да ги натера долгогодишните корисници да се згрозат, Google Search се развива без премногу помпа. Иако Google вели дека пребарувањето се ажурира илјадници пати годишно за да се подобрат резултатите и корисничкото искуство, тие ажурирања се невидливи за милиони корисници кои испраќаат милијарди барања за пребарување дневно, на 150 јазици.
Објавено на 29.11.2022 - 11:45

Информатика
Забавувајте се преправајќи се дека сте виртуоз на пијано со помош на вештачка интелигенција. Притоа, колку повеќе ќе се преправате дека сте вистински изведувач, толку подобро вештачката интелигенција ќе ви овозможи да звучите како таков. Токму ова го нуди сајтот со веб-апликацијата Piano Genie.
Објавено на 28.11.2022 - 09:45

Физика
Веќе сто години научниците се прашуваат дали гравитацијата е навистина само закривување на простор-времето под дејство на материјата или сепак се работи за сила, налик на електромагнетната, силната и слабата нуклеарна сила. Во Стандардниот модел на елементарни честички постојат посебен тип на честички т.н. бозони кои се одговорни за дејството на погоре опишаните сили и постоењето на нивните силови полиња. Околу 80-те години од минатиот век со повеќе независни експерименти во атомските акцелератори (поправилен би бил терминот – разбивачи на хадроните, честичките кои се изградени од кваркови), почнувајќи со првиот во 1979, докажано е постоењето на глуоните, честичките одговорни за постоењето на силната нуклеарна сила (името доаѓа од glue – лепак, сила која на кратки растојанија е многу појака од одбивната електромагентна сила која се појавува помеѓу протоните во јадротот на атомот). На 4 Јули 2012 беше откриена честичката одговорна за постоењето на Хигсовото поле – Хигс-бозонот итн.
Објавено на 25.11.2022 - 10:30

Омнибус
Според 94% од потрошувачите точните информации за производот се важни при онлајн купувањето. Споредено со лани, ова е раст од 11%. Недостатокот на добри информации за производот прави дури 53% од купувачите да сакаат да купуваат на друго место.
Објавено на 23.11.2022 - 11:30

Екологија
Еден тон паметни телефони содржи приближно 100 пати повеќе злато од еден тон златна руда. Хрватска води во однос на другите земји-членки на ЕУ во рециклирањето на електричен и електронски отпад (ЕЕ отпад) со повеќе од 80 проценти од рециклиран отпад од овој тип.
Објавено на 22.11.2022 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Пет дена по лансирањето на мисијата Артемида 1 работите засега се одвиваат според планираното – леталото Орион продолжува по својата траекторија кон Месечината и е на пат да го направи првиот прелет над површината на Месечината.
Објавено на 21.11.2022 - 10:45

Енергетика
Во време кога има глобален недостаток на енергија во светот, а цената на електричната енергија достигнува невидени вредности, еве една убава вест. На 15 километри од Штип, на падините од планината Богословец, крај селото Кадрифаково, во тек е изградба на ветерен парк, односно електрична централа за производство на електрична енергија од ветер.
Објавено на 19.11.2022 - 16:30

Автомобилска техника
На 5 декември ќе биде промовирана новата Тојота Приус. Ова е петтата по ред генерација на Приус. Првата беше промовирана во 1997 година како првиот сериски или високосериски автомобил во светот со хибриден погон. За него повеќе е пишувано во ЕМИТЕР 5/2011 – Хибридни погони (2): Првиот сериски HEV – Тојота Приус.
Објавено на 18.11.2022 - 19:00

Pages