Медицина
“ Снимен драматичен момент од човечкиот развој: момент кога ембрионот се “вгнездува” во матката ” — ова е насловот на новата студија објавена во Science Advances, во која научниците од Институтот за биоинженерство на Каталонија (IBEC) во Барселона, Шпанија, успеаа да снимат видео кое ја прикажува критичната фаза на имплантација на човечки ембрион.
Објавено на 20.08.2025 - 14:00

Телекомуникации
Решавање со векторски метод Вертикалната антена со голема капацитивна капа, наменски направена за експерименти на долги бранови, со примена на двочлени трансформатори на импеданса успешно е прилагодена за работа на радиоаматерските бандови 160 m (1,8 MHz) и 80 m (3,5 MHz).
Објавено на 16.08.2025 - 19:45

Енергетика
Поради топлинските бранови се појави еден голем проблем, не само во Јужна Европа, туку и во Средна Европа и во континенталниот дел. Во Франција, Германија и Обединетото Кралство последниве недели се води јавна дебата меѓу политичките партии дали треба или не да се климатизираат јавните објекти бидејќи нема нормални услови за работи заради топлинските бранови, кои стануваат сè поинтензивни и сè почести...
Објавено на 15.08.2025 - 19:00

Фототехника
Презентација на СУва желатинска плоча
Од 17 до 23 јули, во манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево се одвиваше едно од најживописните собирања на уметници ова лето во овој квадрант на вселената. Околу педесет фотографи, студенти по визуелни уметности и млади автор(к)и од цела Европа, заедно со волонтери од Македонија, Србија и Словенија, учествуваа на четвртото издание на фестивалот Зрно – платформа посветена на алтернативни и благородни историски фотографски процеси.
Објавено на 15.08.2025 - 01:15

Астрономија и астронаутика
Персеидите се еден од најблескавите метеорски дождови во годината и се случува секоја година во периодот од 9 до 13 август. Овој метеорски дожд всушност претставува остаток од кометата Свифт-Татл, а е именуван по соѕвездието Персеј. Имено, привидната насока од којашто метеорскиот дожд се чини дека паѓа – т.н. радијант, се поклопува со местото каде го лоцираме соѕвездието Персеј на ноќното небо, во правецот на североисточниот дел од небото на Северната хемисфера.
Објавено на 13.08.2025 - 22:45

Телекомуникации
MAKSOUNDRADIO-2004 е онлајн радио создадено со една јасна мисија – промоција на македонската музика и култура, без граници, која на овој начин станува достапна 24/7 за слушатели од целиот свет.
Објавено на 12.08.2025 - 20:30

Информатика
„ Годината е 2040. Вештачката интелигенција ‘Артин’ е попаметна и помоќна од сите луѓе заедно. За среќа, таа е програмирана врз основа на хуманистички принципи и дејствува исклучиво во корист на човештвото “, е краткиот опис на книгата од професорот и експерт во областа на дигитализацијата, Мартин Гисвајн. Имено, WU Executive Academy напишал краток дневник заснован на научна фантастика, за иднината што можеби нè oчекува. Тој вели дека, како луѓе, ние одлучуваме и ја обликуваме технологијата. Ако не одиме по тој пат – дали тогаш вештачката интелигенција ќе нè обликува нас?
Објавено на 11.08.2025 - 21:45

Информатика
Студенти и истражувачи на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ при УКИМ) ја освоија наградата за најдобар научен труд со наслов ‘Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language’ на меѓународната конференција Slavic NLP Workshop, одржана во Виена во рамките на 63-тото издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics).
Објавено на 09.08.2025 - 14:15

Омнибус
Меѓу луѓето често пати се спомнува зборот промаја во смисол дека таа им пречи, ги боли глава од неа, а некои велат и “ме уби промаја“. Притоа, бараат да се затвори некој прозорец или врата. Но, промајата има и позитивни страни бидејќи со неа се подобрува квалитетот на воздухот во просториите...
Објавено на 08.08.2025 - 11:45

Информатика
Наместо да развиваат свои експерти за вештачка интелигенција, компаниите како Мета трошат огромни суми за да ги купат туѓите. Тие инвестираат милијарди со надеж дека бонусите за високи таленти ќе доведат до технолошка доминација.
Објавено на 08.08.2025 - 11:15

Pages