Во новата програма на SGS-Thomson се појави член од фамилијата TDA20xx, под ознаката TDA2052. Овој член на фамилијата може да се пофали со максималните 60W, коло за stand-by и mute, како и коло за температурна заштита, поддржано со заштитата од краток спој на излез. Сето претходно кажано е добра претпоставка за изработка на мошне компактен излезен засилувач.