Рубрика: Електроника
Почетен курс по практична електроника (1)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иако живееме во векот на електрониката за многумина таа претставува мистерија. Колку повеќе сме опкружени со разни електронски "чуда" толку поголема е желбата но и стравот да се "ѕирне" во нивната внатрешност. Оваа серија написи е наменета за оние кои сакаат да влезат во светот на практичната електроника. Пратејќи го овој наш курс брзо ќе сфатите дека не е неопходна инженерска диплома за да можете самостојно да изработите некој корисен електронски склоп или да поправите некој електронски уред. Според нашиот план оваа серија треба да има 11 продолженија во кои на пристапен начин ќе бидат објаснети најнеопходните работи што, за почеток, треба да ги знае секој електроничар. При тоа математиката ќе биде сведена на најнеопходниот минимум а ќе бидат употребени само оние формули кои се неопходни за разбирање на процесите или за непосредна примена во практиката.

Материјата ќе биде поделена во неколку тематски целини: Основни поими и закони во електрониката, Електронски елементи, Основни електронски кола и склопови, Градба и поправка на електронски уреди... Составен дел на секое поглавје ќе бидат и практичните експерименти и вежби со чија помош читателот побрзо и поквалитетно ќе може да ја совлада изложената материја. Исто така напоредно или во склоп на оваа серија ќа бидат објавени и неколку проекти за самоградба на едноставни но корисни електронски склопови. Се надевам дека со оваа серија написи ќе успееме да пополниме барем дел од огромната празнина што постои во Македонија на полето на практичната едукација во електрониката и дека многу идни електроничари своите први чекори во светот на електрониката ќе ги направат со помош на ЕМИТЕР и овој курс. Во овој број, се разбира, започнуваме со објаснување на основните поими и закони во електрониката.

Во ова прво продолжение зборуваме за структурата на материјата и појавата на електрицитет; а потоа ги појаснуваме поимите на количество електричество на некое тело, електрично поле и напон, електрична капацитивност, електрична струја, електрична отпорност, електрична проводност (спроводност), електрична моќност и работа, магнетизам и електромагнетизам, јачина на магнетно поле, магнетна индукција и флукс.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.