Емитер 1/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Вибрациите во уредите ги поттикнуваат резонанциите кои создаваат некој свој “звук” кој се меша со изворниот аудио сигнал и значително го изобличува. Од сето ова лесно се заклучува дека колку повеќе елементите на аудио системот ќе се ослободат од напливот на вибрации и со нив предизвиканите резонанции, толку корисниот сигнал ќе биде поблизок на својот изворен облик. Затоа мораме да ги спречиме, а ако веќе се појавиле, што поуспешно да ги елиминираме со одведување, пригушување или трансформирање во топлина. Токму ова е темата на овој напис кој ќе биде презентиран во две продолженија, во овој и следниот број.
Вибрациите се периодични движења при кои кинематичките величини (брзина и забрзување) постојано се повторуваат во одредени временски интервали. Вибрациите играат многу значајна улога во сите гранки на техниката, па ни аудио техниката во тоа не е исклучок. И додека во механиката по правило се многу штетни (присилни вибрации можат да срушат мост, да скршат авионско крило и сл.), во електрониката и телекомуникациите се од првостепено значење бидејќи на вибрациите се темели примената на осцилаторни процеси.
Електроакустиката е подрачје во кое вибрациите делуваат и корисно и штетно. Корисно бидејќи звукот не е ништо друго туку вибрирање на честички од воздухот, а штетно бидејќи со потресување на уредите за домашна репродукција на звук произведуваат непожелни напливи на изворниот облик на музичкиот сигнал што до нас доаѓа откако од електричен ќе се трансформира во акустички облик.
Но кога зборуваме за аудио техниката и напливот на вибрации на конечниот квалитет на звукот кој можат да го остварат компонентите за негова репродукција, многу е важно да се споменат и резонанциите. Тоа е појава при која во еден физички систем со вибрации можат да се побудат многу интензивни осцилации, ако некоја од тие вибрации се поклопи со сопствените (карактеристични) вибрации на (физичкиот) системот.
Кој било уред, од грамофонската звучница до звучникот, за да работи како што било конструкциски замислено, треба да биде сместен во простор каде ништо од страна не би вршело влијание на нив. И додека сè уште до некаде можеме да ги “тргнеме” уредите од напливот на механички предизвикани вибрации со поставување на различни крути постоља со кои ги изолираме од потреси, пред сè на подот, од акустички предизвиканите вибрации не можеме да ги скриеме.
Вибрациите во уредите ги поттикнуваат резонанциите кои создаваат некој свој “звук” кој се меша со изворниот аудио сигнал и значително го изобличува. Од сето ова лесно се заклучува дека колку повеќе елементите на аудио системот ќе се ослободат од напливот на вибрации и со нив предизвиканите резонанции, толку корисниот сигнал ќе биде поблизок на својот изворен облик. Затоа мораме да ги спречиме, а ако веќе се појавиле, што поуспешно да ги елиминираме со одведување, пригушување или трансформирање во топлина. Токму ова е темата на овој напис кој ќе биде презентиран во овој и следниот број.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.