Рубрика: Електроника
За најмладите електроничари: Детектор на влага
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој текст и серијата од текстови што ќе следуваат во наредните броеви има за цел да ви помогне во “првите чекори” во електрониката и тоа на многу едноставен и разбирлив начин. Основа на овие текстови се градбата на практични конструкции, притоа не навлегувајки во некои подетални објаснувања. Започнуваме со конструкцијата на едноставен детектор на влага кој на звучник дава продорен тон кога неговиот сензор е во допир со вода.

Од сите области на електротехниката сигурно најголем подем доживеа електрониката. Кога во 1947 година беше конструиран првиот транзистор никој ни од далаку не можеше да претпостави колку брзо ќе се развива оваа нова научна област. За само педесет години, сведоци сме на фактот дека на истите оние мали димензии на кој се наоѓаше првиот транзистор сега се изработуваат милиони и милиони транзистори. Денеска секојдневно се пријавуваат илјадници патенти на различни електронски компоненти и уреди така што и оние кои професионално се занимаваат со електроника тешко можат да ги следат сите тие промени и достигнувања. Но тоа наместо да ни претставува хендикеп треба напротив да ни претставува стимул да и се доближиме што може повеќе. Посебен проблем претставува како оние кои се апсолутни почетници во електрониката да ги направат своите “први чекори”.
Целта на овој текст и серијата од текстови што ќе следуваат во наредните броеви ќе биде токму тоа – да ви помогне во тие “први чекори” и тоа на многу едноставен и разбирлив начин. Основа на овие текстови се градбата на практични конструкции, притоа не навлегувајки во некои подетални објаснувања. Со градбата на оваа и наредните конструкции сигурно ќе ги научите и осознаете “техниките” на изработка на печатени плочки, лемење, препознавање на основните електронски компоненти - со што ќе ги направите своите први и воедно значајни чекори во светот на електрониката.
Во овој текст е прикажана конструкцијата на детектор на влага. Детекторот на влага поседува едноставен сензор кој во допир со вода или било која течност преку електричното коло на детекторт предизвикува генерирање на периодични осцилации кои потоа преку електроакустичниот претворувач популарно наречен звучник генерира продорен тонски сигнал.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 980104
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.