Рубрика: Електроника
Motorola MC68HC11F1 (1)
Автор: Ивица Ѓорѓиев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


MC68HC11F1 е 8-битен HCMOS (High-density CMOS) микроконтролер со високо софистицирана вградена во чипот (on-chip) периферија. Со напредните карактеристики на вградените капацитети многу ретки се случаите кога има потреба од надворешна меморија или друга периферија. Моделот F1 припаѓа на фамилијата MC68HC11. Може да се најде единствено во 68-пинско PLCC куќиште.

Во својата фамилија тој е првиот модел со немултиплексирана адресна и податочна магистрала. Базиран е на микропроцесорот М6801 и има 145 инструкции. Иако технички е 8-битен микроконтролер, поради некои карактеристики кои ќе ги претставиме понатаму може да извршува 16-битни операции. Овде и во следното продолжение ќе биде опишана внатрешната архитектура на микроконтролерот. Понатаму ќе биде претставен развојниот систем GTALKF1 за не проширен (single-chip) режим на работа. Накратко ќе биде претставен и модулот за микроконтролерско управување со лифтови базиран на MC68HC11F1 кој е развиен со помош на горе споменатиот развоен систем.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.