Од 22 до 27 октомври во Скопје се одржа 28. Меѓународен саем на металургија, електроника, неметали и градежништво – ТЕХНОМА 2002. Во рамките на Технома 2002 се одржа и 22. Изложба на пронајдоци и технички унапредувања – МАКИНОВА, а исто така и Третиот Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство. На саемот изложуваа повеќе од 260 фирми од Републиката, но и од странство: Австрија, Бугарија, Белгија, БиХ, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Југославија, САД и други.