Рубрика: Електроника
Генератор на функции (1)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Генераторот на функции е еден од неколкуте задолжителни лабораториски уреди. Неговата основна намена е генерирање на сигнали со различни бранови облици, најчесто синусен, триаголен и правоаголен, кои понатаму се користат за побудување, испитување, тестирање и мерење на електронските кола. Во овој проект, кој ќе биде презентиран во три продолженија, ќе дадеме детален опис на конструкцијата и детални упатства за самоградба на генератор на функции базиран на колото XR 2206.

Со појавата на специјализираните интегрални кола, изработката на квалитетен генератор на функции стана значително полесна. Изборот на овие кола не е мал, но две од нив секако се најпопуларни и истовремено најдостапни. Тоа се колата XR 2206 (производство на EXAR) и ICL 8038 (производство на INTERSIL). Во овој проект се решивме за изработка на генератор на функции базиран на колото XR 2206.

И покрај тоа што се работи за едноставно, може да се каже класично решение, генераторот на функции FG - 95 ги опфаќа практично сите видови испитни сигнали: синусен, триаголен, правоаголен, пилест и низа од импулси. Фреквенцискиот опсег се движи од 1Hz до 100kHz (поделен во 5 подрачја), што покрива околу 90% од потребните испитни фреквенции. Фреквенцијата се нагодува со два потенциометри (за грбо и фино нагодување), а се отчитува на вграден дигитален фреквенцметар со 6 цифри. Кај импулсниот и пилестиот сигнал, со посебен потенциометар, може да се менува односот на полупериодите од 0,1 до 9. За нагодување на амплитудата има потенциометар и атенуатор од -20dB, како и потенциометар за додавање на офсет (DC напон на сигналот). Генераторот е предвиден за стационарна употреба со напојување од градската мрежа, а неговите технички карактеристики се дадени во табелата.

Технички карактеристики:

Фреквенциски опсег: 1Hz ÷ 100kHz
Излезни сигнали: синусен, триаголен, правоаголен, пилест, импулсна низа
THD на синусниот сигнал: 2% за f<50kHz
Линеарност на триаголниот сигнал: 99% за f<10kHz
Време на пораст на правоаголниот сигнал: 400ns
Излезна импеданса: 50Ω
Излезна амплитуда: 0 ÷ 10Vpp ±10%
Офсет регулација: ±10V max
Подетално во табелата во прилог
 

 
Главни елементи и материјали:

Печатени плочки: ППК801, ППК802, ППК803, ППК804
ИК: XR2206, LM2903, TL061, CD4060, CD4518, CD4011, CD4069, CD4017, CD4553, CD4511
Транзистори: BF242A, 2N4033, BFJ45, BC182
Дисплеи: TDSR 5160G
Трафо: 2x24V/0,5A
Кристал: 3,2768MHz
Релеи: 24Vdc, PR16, TRM30
Преклопници: 2 x 5 (6) положби

Изработениот прототип на генераторот на функции

Во внатрешноста на изработениот прототип на генераторот на функции

Поглед во внатрешноста на изработениот прототип на генераторот на функции


Генераторот на функции изработен од нашиот читател Бојан Стојановски

Генераторот на функции изработен од нашиот читател Бојан Стојановски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.