За раширеноста на микрофоните и на звучниците, како електроакустички претворачи, не може да се каже нешто поконкретно, бидејќи толку ги има што е тешко да се изврши и најбанална проценка. Нивното настанување се должи на вечно љубопитниот дух на истражувачите, кои понекогаш и не биле свесни за значењето на нивните пронајдоци. Снимањето, записот, репродукцијата и преносот на звукот на далечина, се поврзани со процеси на претворање на акустичкиот звучен сигнал во електричен сигнал и обратно.