Рубрика: Електроника
Испитувач на ИК 555
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Интегрираното коло 555 е едно од најчесто употребуваните интегрирани кола во електрониката и добро им е познато на сите електроничари. Колку за илустрација, во ЕМИТЕР досега се објавени неколку десетици електронски кола во кои е вклучен и ИК 555. Иако 555 е доста доверливо и сигурно коло, сепак понекогаш се случува и негова неисправност, поретко заради фабричка грешка, а почесто поради вина на конструкторот - прегревање при лемењето, приклучување на поголем напон и слично. Исправноста или неисправноста на ИК555, како и на другите ИК, не може да се провери со едноставни омски мерења (како што е тоа случај со транзисторите и диодите, на пример) туку само со негово функционално испитување. Постапката се сведува на вградување на "сомнителниот" интегралец во некое електронско коло кое е типично за него и кое, се разбира, е добро изработено и проверка дали колото функционира како што треба преку соодветен звучен или визуелен индикатор.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК907
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.