Сон на секој репортер: мал, компактен, лесен рикордер, кој не "лапа" многу батерии, не се расипува (или барем мала да е веројатноста за тоа), а уште и да дава добар звук... До скоро ова беше само "научна фантастика", но со појавата на минијатурните MP3 плеери и како резултат на паѓањето на цената на полуспроводничката меморија, овие сништа станаа стварност. На пазарот се појавија дигитални диктафончиња, без подвижни делови, кои звукот го запишуваат директно на силициумската меморија.