Рубрика: Физика
За ефектот на пеперутката
Автор: Милена Бојаџиска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во обидите на научниците да го предвидат развојот на состојбата на воздухот од Земјината атмосфера, посебен впечаток остава сознанието на Лоренц дека не може да се предвиди точно развојот на состојбата на воздухот во простор/време за повеќе од две недели. Ова сознание доби свое популарно име "ефект на пеперутката". На почетокот ова се однесуваше за мува, и беше кажано од еден слушател на едно предавање на Лоренц, но подоцна мувата стана пеперутка. Суштината е во следново: Ако развојот на атмосферата е нестабилен, тогаш еден замав од крилјата на пеперутката на едно место од Земјината површина може да одлучи дали ќе се појави торнадо или не две недели подоцна на место кое е многу оддалечено од првото. Така, бидејќи не може да се определат состојбите на сите пеперутки во светот во определен момент, не може да се определи ниту состојбата на воздухот за повеќе од две недели.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина