Електроника
Изглед на студискиот засилувач за слушалки сместен во соодветтна кутија

Доколку во вашето студио (за аудио снимање или радиодифузно) имате поголем број гости, членови на некоја група или слично, честопати се јавува потреба од повеќе пара слушалки. Излезот за слушалки (monitor/phones) од миксетата не може да ги задоволи поставените барања, во смисла на број на приклучоци и доволна моќност за сите пара слушалки. Употребата на надворешен стерео засилувач делумно ќе ги реши проблемите. Но останува уште еден нерешен проблем, а тоа е потребата од индивидуално подесување на нивото кон слушалките. Овој проблем потекнува од тоа што ретко кое студио поседува повеќе пара истородни слушалки. Значи нивните осетливости и импеданси најчесто варираат од еден пар до друг. Ова резултира со нееднакво ниво на репродукција, кое не може да се контролира. Од друга страна пак, секој од гостите во студиото има сопствен став кон нивото на репродукција. Со воведување на засебна односно индивидуална контрола на нивото кон секој пар слушалки, овие проблеми се надминуваат. Значи поаѓајќи од овие барања ќе проектираме засилувач кој ќе има 4 стерео канали со засебна регулација на нивото. Притоа на секој стерео канал ќе може паралелно да се приклучат максимум 4 пара слушалки, меѓутоа контролата на нивото за нив ќе биде заедничка.


Аудио и видеотехника

Во овој текст на читателите на ЕМИТЕР ќе им ја откријам вистината за некои длабоко вкоренети заблуди во врска со звукот кој го даваат Hi-Fi уредите. Сите податоци кои ќе ги изнесам се научно докажани факти, а понекаде има и некои мои размислувања (кои слободно можете да ги прифатите како научни факти). Популарните Hi-Fi списанија се преполни со тестови на разни Hi-Fi (се чита Хај-Фај) уреди, кабли, стативи за звучници, масички за уреди и слично. Се разбира, во тестовите сите тие уреди различно звучат; се прават топ листи на најдобрите уреди и се избираат победниците. Нема ништо чудно во тоа, бидејќи целта на постоењето на Hi-Fi списанијата е да ја најдат разликата и таму каде ја нема, за да може да продадат што повеќе примероци од нивното "многу критички настроено" списание. Искрено одговорете - дали воопшто би купувале некое Hi-Fi списание ако таму пишува дека исто звучат 95% од сите тестирани засилувачи? Што е најинтересно, овој податок е научно, статистички и практично докажан - на општ ужас на сите излажани купувачи.


Електроника

Благодарение на технологијата позната како "Home Theatre", Surround Sound е се по присутен во нашите домови. Овде ќе прикажеме краток историјат на оваа технологија, како и стандардите кои денес се користат.
Многумина од вас најверојатно се присетуваат на квадрофонијата, последниот неуспешен обид во создавањето на просторниот звук. На слични принципи е заснована и денешната технологија (матричен дизајн и поместување на фазите).


Електроника

Микроконтролерите со своето постоење го наметнуваат присуството во уредите кои не опкружуваат. Тие ја наоѓаат својата примена дури и во решенијата кои во себе содржат само неколку транзистори. Ова на прв поглед изгледа неверојатно, но токму овој текст продолжува со цел да ве воведе во овој свет на бескрајни можности.


Електроника

Од поодамна, со појава на првите комерцијални сметачи, се јавила потребата за дизајн на електронските кола со помош на сметачите. Иако тогашните сметачи имале далеку послаби перформанси од денешните, се правеле напори за производство на софтвер за дизајн, проектирање и симулација на работата на електронските кола, кој ќе работи со доволно голема брзина на нив. Ова би ја олеснило работата на инженерите во фабриките и би го зголемило произвотството и квалитетот на електронските апарати.


Електроника

Верувале или не, но овие денови е кул да се слуша радио станица на средни бранови. А верувале или не, AM радио приемник за средни бранови можете и самите да изработите. Изработката е многу едноставна благодарејќи на денешните интегрирани кола. ZN 416 е едно од тие интегрирани кола кое денес многу се користи во вокмените и преносните радио касетофони.


Уводник

Доста често од читатели кои сакаат да станат наши соработници и да му помогнат на списанието добиваме фотокопии од шеми и текстови од странски списанија и книги, евентуално со превод или краток коментар од читателот. Со секој респект кон ваквото ангажирање на овие читатели, сепак мора да истакнам дека од тоа немаме многу корист.


Електроника

За време на работата, во тек на сервисирање или конструирање на електронски уреди често пати ми се случило да го заборавам вклучено лемилото или други инструменти.
Поради ова се одлучив да изградам уред кој во претходно одбрани временски интервали од 5, 10, 15, ... 40 min ќе ги исклучува саканите уреди.
Тајмерот е составен од четири функционални единици:


Информатика

Да се сетиме само на “поранешните компјутери”, кога само на една дискета можевме да ставиме до десет програми. Работната меморија на компјутерот била многупати помала од капацитетот на една дискета, а оперативниот систем најчесто се наоѓал во ROM-от. Хард дискот имал оправдување само ако се обработувале екстремно големи количини податоци, од редот на мегабајт или повеќе. Денеска хард дискот е една од клучните компоненти на персоналните компјутери.


Електроника

Квалитетот на магнетните медиуми т.е. звукот кој подоцна се репродуцира, драстично се зголемил кога во 1941 година се вовела предмагнетизацијата со високофреквентно поле. Предмагнетизацијата со високофреквентно магнетно поле овозможува поширока АФК, поголем однос сигнал/шум (S/N) и помали изобличувања. Предмагнетизацијата се врши така што на главата за снимање, освен НФ сигналот (носител на информацијата), се доведува и ВФ сигнал со фреквенција од 60-120 KHz.


Телекомуникации

Познато е дека сите рачни радиостаници се исти: црни, мали, не толку мали колку што ќе бидат следната година и полни со функции.
Со читање на овој прилог ќе сватите дека ова не е само уште една рачна радиостаница од дизајнерскиот деск на YAESU.


Информатика

Софтверот кој го користиме, од ден на ден станува се поголем, бара повеќе место на хард дискот и многу дискети да се пресними (освен ако не е на CD). Понекогаш потребно е и дваесетина дискети (можеби и повеќе) да се донесе софтверот дома. Меѓутоа со самото зголемување на бројот на дискетите се зголемува и можноста да се појават грешки во фајловите (сите сме ја сретнале пораката CRC ERROR).


Омнибус

Правила за дипломите DXCC;
Правила за натпреварот ARRL International DX Contest;
Календар за КБ натпревари за месец Февруари


Омнибус

Avalon AD 2055;
МО: замена за 8 каналните мултирак рекордери со лента;
Нов начин на изработка на печатени плочки;
Широко појасна мерна антена;
Подвижни слики на вашите ѕидови;
Нови конвертори;
Нов начин на умрежување;
HHB PDR 1000 Portadat како "Мисија: Невозможна" стана возможна;
Комбинирани безжични и мобилни телефони


Писма
Звучници