Рубрика: Уводник
Шеми или написи?
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доста често од читатели кои сакаат да станат наши соработници и да му помогнат на списанието добиваме фотокопии од шеми и текстови од странски списанија и книги, евентуално со превод или краток коментар од читателот. Со секој респект кон ваквото ангажирање на овие читатели, сепак мора да истакнам дека од тоа немаме многу корист.

Како прво, повеќето од шемите што ги добивме од читателите веќе ги имавме. Редакцијата располага со неколку илјади шеми па јасно е дека шеми не ни недостасуваат.
Како второ, наша желба е ЕМИТЕР да биде стимул за домашното творештво на полето на електрониката, а не да биде преведувачки сервис.
Затоа, немојте да ни испраќате шеми, туку испратетени ни комплетен напис (текст, шема, цртежи...). Не мора да измислите нешто ново - можете да користите веќе познати шеми, но дајте им свој авторски печат. Направете одредени измени и дополнувања во шемата со цел да го прилагодите на своите потреби или на условите што ги диктира електронскиот пазар во Македонија. Изменете го и дополнете го текстот користејќи други извори и сопствени сознанија и искуства. Испратете ни ваков комплетен напис и, ако биде квалитетен, сигурно ќе најде место на страниците на ЕМИТЕР, а Вие за својот труд ќе добиете соодветен хонорар.

Главен уредник
Слободан Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.