Емитер 2/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За време на работата, во тек на сервисирање или конструирање на електронски уреди често пати ми се случило да го заборавам вклучено лемилото или други инструменти.
Поради ова се одлучив да изградам уред кој во претходно одбрани временски интервали од 5, 10, 15, ... 40 min ќе ги исклучува саканите уреди.
Тајмерот е составен од четири функционални единици:
1. Давач на импулси реализиран со IC1 (NE555) кој работи како астабилен мултивибратор и на секои 5 минути генерира по еден импулс.
2. Декаден бројач, Џонсонов бројач реализиран со IC2, кој го проследува секој импулс и после осмиот импулс го активира релејот.
3. Индикатор на изминатото време со седум-сегментен дисплеј со заедничка катода.
4. Релејна единица која со своите контакти по желба го вклучува или исклучува мрежниот потрошувач.
Шемата на временскиот прекинувач што ја објавивме во претходниот број на ЕМИТЕР (стр.30) содржи неколку грешки кои настанаа при нејзиното компјутерско исцртување. Имено, пинот 6 на IC2 не треба да биде споен со пинот 15 туку со пинот 13 кој во тој случај не треба да биде споен со масата, а отпорникот R5 не треба да биде споен помеѓу пинот 15 и напојувањето туку помеѓу пинот 15 и масата. За да нема забуни корегираната шема на тајмерот ја објавуваме подолу. Соодветно на овие корекции следи и корекција на текстот во третиот пасус од доле. Последните две реченици од овој пасус треба да гласат: “Доколку сакаме помал фактор на мултипликација на времето од првиот тајмер со 555, доволно е саканиот пин да го поврземе со ENABLE влезот (пин 13) на IC2. На пример: за сакано време 6x5min поврзете го пин 1 со ENABLE пинот.”
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.