Електроника

Најпосле пред вас е еден проект за засилувач со електронски цевки, но не брзајте. Овој проект е наменет САМО за поискусните електроничари, бидејќи електронските цевки работат на ВИСОК НАПОН кој е ОПАСЕН ПО ЖИВОТ. Ако немате искуство со склопови кои работат на висок напон, НЕ се обидувајте сами да го изработите овој засилувач. Иако шемата е едноставна и составните елементи се малку на број, сепак овде се кријат многубројни опасни ситуации - внимавајте!


Електроника

Проблемот со изворите за напојување е во ограничената примена како последица на нивните карактеристики. Секој што се занимава со практична електроника ќе признае дека изборот на прикладен извор за напојување, за точно одредено испитување воопшто не е лесна работа. Она што ни е неопходно е извор за напојување кој е комбинација на сите најчесто потребни напони и струи, симетрични или несиметрични, со соодветна заштита од преоптоварување.


Аудио и видеотехника

Нашиот повик до читателите за мерење на нивните своерачно направени звучници предизвика интерес, што е сосема разбирливо. Во Македонија постои само еден единствен професионален уред за мерење на звучници (CLIO), а освен тоа – ваква услуга никој во светот нема бесплатно да ви направи. Да не ја спомнуваме и евентуалната шанса да добиете едногодишна претплата на ЕМИТЕР.


Аудио и видеотехника

Затоа што првата фабрика, поточно работилница, беше сместена на гриничкиот меридијан, за уредите кои ги произведуваше фирмата Boothroyd Stuart, избрано е името Meridian, кое во себе ја содржи и симболиката на ново, прво, изворно.


Електроника

За сите оние кои имаат намера да навлезат во тајните на дигиталната електроника ова е навистина добра прилика. Покрај запознавањето со основните поими од дигиталната електроника секој има можност сам да направи еден едноставен, но истовремено и корисен склоп. Се работи за сензорски прекинувач, кој на почетокот од 80-тите години често се користеше кај ТВ и радио приемниците.


Информатика

При изработка и дизајн на дигитални електронски уреди многу често се употребуваат "монотони" сигнали, кои најчесто се носат на тактовите линии. За добивање на ваквите сигнали се користат осцилатори. Градбата на овие осцилатори за дискретни сигнали можеби и не е толку тешка, колку што е заморна. Затоа дојдов на идеја како генератор на импулси да го искористам компјутерот.


Аудио и видеотехника

Тестирањето на ТВ и видео опремата стана прилично комплицирано, покрај другото и поради постоењето на различни стандарди. Напорите да се стори нешто во врска со овој проблем, кои ги вложија во Fluke, резултираа со појавување на нова серија на инструменти за тестирање на ТВ, VCR и друга видео опрема.


Електроника

Идејата за изградба на овој уред потекнува уште од поодамна, кога го имав изградено електромеханичкиот бројач на импулси со механички индикатор на бројки кои се придвижуваат со електромагнетен релеј. Но, бидејќи желбата за совршенство е секогаш присутна кај човекот, со пуштањето на новата дигитална централа "АЛКАТЕЛ" во Битола, решив и јас да внесам новина во мојот контролен пулт - ДИГИТАЛЕН ТАРИФЕН БРОЈАЧ.


Електроника

Во овој дел од курсот се запознаваме со видовите на диоди.


Аудио и видеотехника

Основната задача што беше поставена при неговото осмислување, беше тој да ја врши автоматската контрола на звучниот систем на лесен и многу флексибилен начин. Со одржување на отворените канали на минимум, секогаш се одржува мало ниво на околниот шум и на бучавата. Овој миксер овозможува моментно, наполно транспарентно преспојување меѓу каналите. Изграден е со нова технологија, мирен е и многу сестран.


Електроника

Многу монитори во боја имаат одделени влезови за вертикална и хоризонтална синхронизација. Од друга страна графичките картички на својот излез најчесто даваат композитен синхро сигнал, кој во себе ги содржи вертикалните и хоризонталните синхро импулси. Со помош на колото прикажано во овој напис може многу едноставно да извршите раздвојување на овие два сигнали.


Електроника

Во ова продолжение се запознаваме со Aноден засилувачки степен и Катоден засилувач.


Аудио и видеотехника

AJ-D230 е еден од поновите производи на Panasonic. Тоа всушност претставува видео рикордер со вграден PC интерфејс како стандардна опрема, кој што овозможува далечинска контрола од PC-то за нелинеарното едитирање или мултимедија продукцијата. Многу е погоден за употреба на биро, тежи само 7kg и има рачка за носење, со што овој многустран дигитален VTR (Video Tape Recorder) е идеален за носење со една рака и за употреба како "позадинска" опрема кога се снима со камера и сл.


Електроника

Често пати сме се запрашале како да се осигураме кога разговараме на телефон да не можат да нè прислушкуваат преку вториот телефонски апарат, поврзан на истата линија. Еден уред со кој можеме да се осигураме дека нема да нè прислушкуваат веќе беше опишан во Емитер 10/97. Во овој напис е опишано едно друго елегантно решение во кое нема потреба од релеј, а уредот е толку едноставен, што може да го изработи и секој почетник електроничар.


Електроника

Играта "Не лути се, човеку" е многу популарна игра со коцка. Вештите мајстори би можеле повеќе пати по ред да освојат шестка. Електронската коцка која е прикажана овде не може да се програмира и ги исклучува сите местења. Оваа коцка за разлика од класичните не се фрла, доволно е да се притисне тастерот и со помош на седум светлечки диоди да се добие бројката.


Електроника

За оние кои секојдневно во својата практика користат батерии од секаков тип, многу добро би им дошол еден мал и едноставен уред за тестирање на исправноста на батериите. Сигурно многумина кога го прочитале насловот на написот си помислиле дека тестирањето на исправноста на батериите може потполно да се изведе и со обичен волтметар. Ова до некаде е точно, но не е потполно исправна констатација. Имено, со волтметарот се мери напонот на батеријата без таа значително да се оптовари.


Омнибус

При крајот на септември во Сан Франциско се одржа редовната конвенција на AES (Audio Engineering Society). Тоа е една од трите конвенции што се одржуваат секоја година: две во САД и една, на пролет, во некоја од западноевропските земји (барем досега). Тоа беше извонредно погодна прилика за прикажување на најновите производи на многубројните фирми од областа на професионалната аудио техника на увид на пазарот.


Уводник

1998 година е веќе зад нас, а пред нас е нов едногодишен циклус наречен 1999 година. Во вакви прилики вообичаено се поставува прашањето што направивме и што планираме да направиме.


Омнибус

5 години "Македонска телеграфска група"; Испраќање QSL-картички; Правила за натпреварот CQ WW 160m DX; Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

Нов Kuzma грамофон; TAG McLaren F1; Mordaunt-Short MS 814; Thiel CS 2.3; Carfrae CarfraeHORN; Revox E 426; Стерео шоу на Schoeps; Руперт Нив соработува и понатаму; Sonifix Courier; Enviromon од PicoTechnology; TH-03 од Pico Technology; Canon Digi Super 21; Alcatel Cabling Systems во Class E трката; Безжични слушалки на Philips


Писма
Радио телекоманден предавател