Рубрика: Аудио и видеотехника
Дигитален VCR AJ-D230
Автор: Доне Аспровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


AJ-D230 е еден од поновите производи на Panasonic. Тоа всушност претставува видео рикордер со вграден PC интерфејс како стандардна опрема, кој што овозможува далечинска контрола од PC-то за нелинеарното едитирање или мултимедија продукцијата. Многу е погоден за употреба на биро, тежи само 7kg и има рачка за носење, со што овој многустран дигитален VTR (Video Tape Recorder) е идеален за носење со една рака и за употреба како "позадинска" опрема кога се снима со камера и сл.

AJ-D230 може да се употребува заедно со AG-EZ1 Mini-DV камера/рикордерот, што беше опишана во септемврискиот број на ЕМИТЕР, при што се формира еден систем лесен за употреба со значајни заштеди во цената. Инаку, AJ-D230 не може да снима на Mini-DV касети, дури ни со AJ-C5750 касетниот адаптер, туку само да го репродуцира.

Дигиталното снимање на AJ-D230 обезбедува квалитетна слика. За подобрување на звукот, кој според квалитетот го надминува оној на CD-то, оваа единица ја карактеризираат два 16-битни дигитални аудио канали со 48kHz-но семплирање. Исто така постои и еден канал за аналогно снимање. Со користењето на дигиталниот интерфејс, квалитетот на сликата и звукот останува беспрекорен дури и после едитирањето и повторувањето.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.