Рубрика: Информатика
PC генератор на импулси
Автор: Никола Левандис
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При изработка и дизајн на дигитални електронски уреди многу често се употребуваат "монотони" сигнали, кои најчесто се носат на тактовите линии. За добивање на ваквите сигнали се користат осцилатори. Градбата на овие осцилатори за дискретни сигнали можеби и не е толку тешка, колку што е заморна. Затоа дојдов на идеја како генератор на импулси да го искористам компјутерот. Предноста на компјутерот како осцилатор е голема: може да се менува фреквенцијата, односот сигнал-пауза, бројот на циклуси (колку пати ќе биде генериран посакуваниот сигнал), а генерирањето може и да се прекине. Значи, на овој начин може да се добие евтин осцилатор за големо фреквентно подрачје, кој може да генерира и синусен сигнал (доколку на неговиот излез се постави филтер кој ќе ги "сече" високите хармоници од "правоаголникот"). Уште една голема предност на генераторот е тоа што не ви е потребен осцилоскоп да го подесите (иако би бил пожелен доколку го имате).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.