Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Звучници од нашите читатели (1)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нашиот повик до читателите за мерење на нивните своерачно направени звучници предизвика интерес, што е сосема разбирливо. Во Македонија постои само еден единствен професионален уред за мерење на звучници (CLIO), а освен тоа – ваква услуга никој во светот нема бесплатно да ви направи. Да не ја спомнуваме и евентуалната шанса да добиете едногодишна претплата на ЕМИТЕР. За да имаат сите читатели подеднакви шанси за наградата, нема да бидат оценувани само измерените величини, туку пред сè усогласеноста на компонентите и резултатите од штелувањето на свртницата. Со ова читателите кои купиле скапи високотонци и басови (кои по правило имаат рамна фреквентна карактеристика) нема да имаат предност. Во оценувањето нема да бидам строг како обично, бидејќи ми е јасно дека читателите ги правеле звучниците без мерења, само врз основа на теоретските пресметки и евентуално – на штелување "на слух". Мерењата што ќе ги направам нема да бидат цел сами за себе, туку ќе послужат на практичен и очигледен пример да се согледаат проблемите кои се јавуваат при конструирањето на звучниците.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.