Омнибус

Промовиран новиот Renault Megane;
Фиатов мал дизел мотор;
Ладење во боја;
Mcc Smart Roadster & Coupe;
Звучник Ultimate PS 12;
Epson EPL-6100;
"Беспилотно" такси возило;
Индиректна закана од вселената;
Нови синтисајзери на YAMAHA;
Dolby во Битола;
48V напојување за IT апликации;
Citroёn C-airdream;
Мако;
Семинар за заштита на мрежи


Омнибус

Од 22 до 27 октомври во Скопје се одржа 28. Меѓународен саем на металургија, електроника, неметали и градежништво – ТЕХНОМА 2002. Во рамките на Технома 2002 се одржа и 22. Изложба на пронајдоци и технички унапредувања – МАКИНОВА, а исто така и Третиот Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство. На саемот изложуваа повеќе од 260 фирми од Републиката, но и од странство: Австрија, Бугарија, Белгија, БиХ, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Југославија, САД и други.


Автомобилска техника

Првиот саем на автомобили во Париз е одржан во 1898 година на иницијатива на автомобилскиот клуб на Франција. Тогашната бројка од 140.000 посетители и 232 излагачии денеска е недостижна за некои од саемите кои се одржуваат. Годинава се очекуваше 543-те излагачи да ги посетат околу 1,4 милиони луѓе.


Автомобилска техника

Брзинските карактеристики на моторите со внатрешно согорување претставуваат основа за изработување на погонскиот агрегат (моторот) за моторните возила и основа за конструкција на соодветната преносна група, а карактеристичните линии за моќноста и моментот се појдовна основа за конструирање на возилото во целост. Исто така, ако на готово возило го имаме дијаграмот за брзинските карактеристики, можеме да донесеме заклучок за перформансите на неговиот мотор.


Автомобилска техника

Носат разни придавки: студии, визии за иднината, прототип, концептни возила. Едно им е заедничко - нивното место е токму на вакви манифестации каде што треба да го испита потенцијалот на пазарот преку "мерење на пулсот" на идните купувачи. Од друга страна пак, тие секогаш барем малку ја доловуваат "секогаш неизвесната" автомобилската иднина. Некои од нив фактички се многу близу и подготвени да влезат во сериско производство, односно прашање на време е кога тоа ќе се случи.


Автомобилска техника

Набавете квалитетен антифриз со оригинално потекло и не штедете со тоа што ќе купите литар или два помалку од потребното со намера разликата да ја надополните со вода. Сигурно не сакате да го уништите својот автомобил користејќи прерастворен или антифриз со сомнително потекло и не заборавајте дека таквото "штедење", дотурање обична вода или одлагање на замената на антифризот може да чини многу, многу поскапо.


Аеронаутика

Најавите од Русија за овој "чудо-авион" одат до таму што се тврди дека некои технички решенија на новиот авион нема да се надминат во следните 15 години, а неговиот борбен потенцијал е 2,5 пати поголем од СУХОЈ-35 моментално еден од најдобрите повеќенаменски авиони во светот.


Астрономија и астронаутика

Празноверие во врска со нивната појава. Потеклото, структурата и екстремно екцентричните орбити. Неизменети сведоци од времето на создавање на сончевиот систем?


Астрономија и астронаутика

Уште во 1865 година Жил Верн (Jules Verne) со својата научнофантастична книга "Патување на Месечината" го предвиде човековото освојување на единствениот природен сателит на Земјата. По треската наречена "освојување на Месечината" во шеесеттите години од минатиот век, кога САД и Советскиот Сојуз се натпреваруваа во своите достигнувања, човекот брзо го загуби интересот за Месечината.


Аудио и видеотехника

Првиот филм го прикажаа браќата Auguste и Louis Lumiere (Огист и Луј Лимиер) во 1895 год. во Франција. Но, тој, како и многуте подоцнежни филмови немаа звук - беа неми (иако за нив се слушаше надалеку). А човекот, откако за првпат ја здогледал подвижната слика на екранот, веднаш посакал да ја дополни илузијата на стварноста со звукот.


Електроника

Овозможете си го задоволството да слушате музика од портабл радиоуред кој за својата работа не користи батерија туку силата на вашите мускули.


Електроника

Освен како астабил и моностабил 555-ката може да работи и како RS-бистабил и тоа скоро без никакви надворешни елементи.


Електроника

Едноставен спој на елементи со кој може да се контролира постојаност, континуитет на напојувањето, направен е само од еден интегралец и неколку придружни елементи.


Електроника

Кога некој уред се приклучува на напојување, пожелно е неговите составни склопови (бистабили, бројачи и други) да се постават во почетна состојба која најчесто се нарекува RESET.


Електроника

Потребни се само неколку евтини компоненти, малку слободно време, добро расположение и секако "ЕМИТЕР" за да направите мал и едноставен, но сепак квалитетен инструмент кој на едноставен начин ќе ви покаже дали некој спроводник е под мрежен напон. Детекторот е толку чувствителен што спроводникот под мрежен напон (спроводникот на кој е приклучена на фаза) може да го детектира дури и ако тој се наоѓа во ѕидот.


Електроника

При користење некаков контакт што би давал импулси за, на пример некој бројач, повеќе од сигурно е дека бројачот ќе дава лажни податоци, бидејќи контактот при затворање може да даде и по неколку краткотрајни импулси пред конечно да го направи вистинскиот спој.


Електротехника

Ако веќе имате мини дупчалка или пак планирате да набавите и сакате да ја користите за нешто повеќе од едноставно дупчење дупки, ова е вистинскиот напис за вас. Од многу гледишта, таа е идентична со нејзиниот поголем комплемент, иако на прв поглед основниот кит на мини дупчалката може да изгледа недоволно сериозно. Нека не ве залаже оваа првична импресија бидејќи мини дупчалката со сите додатоци е сериозна алатка која ќе ви овозможи реализирање на различни задачи и проекти.


Електротехника

BLACK & DECKER има развиено единствен систем кој на корисникот на електричен алат му обезбедува целосна сигурност и помош во работењето. Електричните алатки со ваков систем на горниот дел од куќиштето имаат табела и склопка за избор на оптимални резни режими и алат, во зависност од материјалот на работното парче и видот и големината на резот кој треба да се обработи.


Електротехника

При користење на електрични уреди може да дојде до појава на пожари, електрични удари и повреди. За да се намалат опасностите од овие појави потребно е да се прочитаат упатствата за ракување.


Информатика

Златна идеја која за две години на еден млад Индиец му донела 400 милиони долари.
Двајца млади и неискусни инжинери кои никогаш немале фирма, немале никакво искуство со производство никогаш на никого не му биле менаџери ниту пак имале искуство во изработка на софтвер - но имале идеја која им донела за две години 400 милиони долари.


Информатика

Големиот гигант во производство на периферни уреди EPSON, во соработка со македонската фирма "Рема компјутери" повторно излегоа со новитети на македонскиот пазар. Се работи за новата производна палета на скенери од типот на EPSON Perfection 1260, EPSON Perfection 1260 Photo, EPSON Perfection 1660 Photo и EPSON Perfection 2400 Photo.


Информатика

Adobe PhotoShop ви овозможува многу повеќе од обично уредување, подобрување или модификација на сликите. Но најпрвин најважно е да научите како да бирате различни делови од сликата. Всушност, прво морате да го изберете она што сакате да го менувате. Може да се менува само она што е направено во внатрешноста на селекцијата. Површината што се наоѓа надвор од селектираниот дел е заштитена од какви било промени.


Информатика

Експанзијата на корисници на Интернет за приватни и бизнис апликации води до наизглед ненаситни барања за опсег, заради совладување на претходно неистражените делови од т.н.


Историја и археологија

Во учебната 2000/2001 година во ДЕТУ "Михајло Пупин" во Скопје беше реализиран еден интересен проект под наслов "Средновековни културно-историски споменици во Македонија". Реализатори на проектот беа учениците, членови на секцијата "Млади историчари" под водство на професорот Мирослав Бошковиќ. Проектот траеше една година, при што беа посетени и проучени голем број средновековни цркви и манастири на територијата на Република Македонија.


Телекомуникации

Дигиталните комуникации денес се секојдневие. Се применуваат на разни места и за разни намени. Покрај квалитетот на информациите кои ги пренесуваат, нудат и разни други поволности. Посебно се поволни при пренос на повеќе канали одеднаш. Овој пат ќе се запознаеме со примената на основниот дигитален начин за пренос на повеќе канали, како вовед за понатамошните написи кои ќе бидат објавувани во ЕМИТЕР.


Телекомуникации

Од партнерството на Ericsson со Sony излезе одличниот Sony-Ericsson T65i, којшто имаше (и сè уште има) голем успех. Но, Ericsson продолжува да излегува и со 100 % свои производи. Еден од најновите плодови од шведската фабрика е T65-ката, која со промените што ги нуди и со прифатливата цена, лесно се издигна до самиот врв во својата класа.


Математика

На почеток сакам да упатам еден голем поздрав до сите оние читатели кои се потрудиле да ги решат задачите од септемврискиот број на ЕМИТЕР и да ни ги испратат своите решенија. Ги поздравувам и сите останати вљубеници во математиката, кои со интерес ја следат оваа наша рубрика и ги охрабрувам и понатаму да продолжат да ни ги испраќаат своите размислувања, предлог-задачи и сугестии.


За најмладите

Не постои човек со мисли и знаење кој барем еднаш не размислил за изворот на моќта и убавината што ја наоѓаме во математиката. Сметајќи со броевите и геометриските величини "кралицата на науките" до нашето време и во него, освоила непрегледни простори и станала синоним за верното, корисното и убавото.


За најмладите

Во оваа рубрика наменета за најмладите читатели на Емитер ќе ви понудиме проекти кои ќе можете сами да ги изработите, а тоа да ви донесе радост и забава но и подобрување на своето знаење од техничкото образование.


За најмладите

Франсиско Писаро бил смел, решителен и итар човек. Според сопствените сфаќања, бил религиозен и се зборува дека кога умирал на земјата испишал крст со сопствената крв, а неговиот последен збор бил "Исусе!". Но, тој бил и неверојатно алчен, жесток, амбициозен и подмолен - можеби најбрутален од сите конквистадори.


За најмладите

Железницата е синоним за поимот "низа од вагони што локомотивата ги влече по шини". Меѓутоа шините се појавиле многу порано од вагоните, а особено од локомотивите. А, што се однесува до локомотивата, таа е родена по пронајдокот наречен "кочијата на пареа" на чие усовршување работеле: Никола Кињон од Франција, Оливер Еванс од САД, Ричар Тревитник и Вивиен од Англија...


Електроника

Генераторот на функции е еден од неколкуте задолжителни лабораториски уреди. Неговата основна намена е генерирање на сигнали со различни бранови облици, најчесто синусен, триаголен и правоаголен, кои понатаму се користат за побудување, испитување, тестирање и мерење на електронските кола. Во овој проект, кој ќе биде презентиран во три продолженија, ќе дадеме детален опис на конструкцијата и детални упатства за самоградба на генератор на функции базиран на колото XR 2206.


Електроника

Малите аудиозасилувачи се составен дел на сите мали радиоприемници и касетофони, но и други уреди како метал детектори, сигнал трасери, мали аларми, детски играчки и слично. Постојат многу начини како да направите мал аудиозасилувач, но кое решение ќе го одберете сепак зависи од вашите потреби и вашето знаење. Иако едноставни по конструкција, малите аудиозасилувачи (посебно оние во дискретна техника) често пати претставуваат проблем за неискусните конструктори.


Писма
50w засилувач и тонска контрола
Засилувач без транзистори ?
Пофалби, предлози и прашање за проектот Focal Focal B400 VF
Ладилници за dc/ac конверторот и торусни трансформатори