Интел објави серија нови технологии, инвестиции и соработки насочени кон побрзо и полесно спроведување на различни нивоа услуги “во облак“ за фирмите. Претпријатијата сакаат поголема флексибилност и избор со воведувањето на услугите на облак, со цел да се поттикне иновацијата, но истовремено да се одржи контрола врз повеќето стратешки средства. Покрај желбата да се инвестира во модерна, софтверски дефинирана инфраструктура (СДИ), компаниите веруваат дека оваа инвестиција може да биде комплексна и дека одзема време.