За да направите фишинг страница, сè што треба е да направите реплика на популарна веб-локација, да ги привлечете корисниците и да ги наведете да внесат лични податоци.
Анти-фишинг системот на компанијата Kaspersky Lab спречил најмногу, 482 милиони обиди за посета на лажни интернет-страници во текот на 2018 година. Ова е двојно зголување на бројот во однос на 2017 година, кога биле блокирани 236 милиони такви обиди.
Во последните неколку години е воочен пораст на фишинг-нападите на годишно ниво, но бројката за минатата година покажува значаен раст на употребата и популарноста на вакви напади. Сите налози се документирани во новиот извештај на компанијата Kaspersky Lab – “Спам и фишинг во 2018 година“.
Кражбата на идентитетот е еден од најфлексибилните типови на “социјален инженеринг“, бидејќи може да се прикрие на многу начини и да се искористи за различни цели. За да направите фишинг страница, сè што треба е да направите реплика на популарна веб-локација, да ги привлечете корисниците и да ги наведете да ги внесат нивните лични податоци. Овие податоци најчесто вклучуваат и финансиски податоци, како лозинки од банкарски сметки или податоци од платежни картички, но и пристапни податоци за профили на социјалните мрежи.
Податоците може да се тренсферираат и во случаи кога корисникот се наведува да да отвори некој линк, за притоа да го преземе малверот на својот компјутер. Фишинг-нападите, по пат на малициозен линк се популарен вектор на инфекција за целни напади на организацијата. Последиците од ваквите напади може да бидат разни, од губиток на пари до компромитирање на цела корпоративна мрежа.