Информатика
Twitter ги прошири своите можности и ја лансираше новата опција “fleets“, а во прашање се твитови кои исчезнуваат по 24 часа, слично како и фотографиите на Инстаграм.
Објавено на 23.11.2020 - 11:45

Информатика
EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворешни влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm ® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).
Објавено на 20.11.2020 - 12:30

Аудио и видеотехника
Ексклузивна уметничка изложба Missing Masterpieces, под покровителство на компанијата Samsung, претставува дигитална колекција на некои од најпознатите и најинтригантни ремек-дела, за прв пат достапни за секого и за кои се стравува дека се изгубени засекогаш. Благодарение на можностите на напредната технологија, исчезнатите дела на светски познати уметници, како што се Ван Гог, Сезан и Моне, сега ќе бидат достапни за корисниците на нивните Samsung The Frame телевизори.
Објавено на 18.11.2020 - 12:00

Омнибус
Првиот и водечки центар за обуки од областа на информатичките технологии во земјава, Семос Едукација одбележува 25 години од своето постоење. Откако во првите години се посвети на воспоставување на стандардите и трендовите во IT индустријата во нашата земја и во регионот, компанијата низ годините прерасна во респектиран субјект во светски рамки и вистински промотор на земјата во областа на интернационалната IT едукација.
Објавено на 17.11.2020 - 13:00

Информатика
Eдинствената организација во земјата и во Западен Балкан целосно посветена на промовирање на асистивната технологија и дигиталната инклузија ‘Отворете ги прозорците’ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), го промовираа комуникаторот Говорко, нова апликација наменета за поддршка на деца со попречен говор.
Објавено на 16.11.2020 - 21:00

Омнибус
Дионис Пашлаков, Z32DP , пензионираниот професор по биологија од Неготино, замина во вечниот незаборав резервиран само за луѓе со благородна душа.
Објавено на 16.11.2020 - 20:45

Омнибус
Во овој времеплов одбележуваме 75 години од основањето на УНЕСКО, лансирањето на рускиот спејс-шатл Буран и лансирањето на сондата Венера 3. Го одбележуваме и денот кога Мајкрософт го лансираше Xbox и кога се појави првиот комерцијален оглас за еден микропроцесор. Покрај ова го славиме и роденденот на францускиот математичар, механичар, физичар, филозоф и музички теоретичар Жан Даламбер.
Објавено на 16.11.2020 - 19:45

Медицина
Додека СЗО и националните регулаторни тела на најразвиените држави, како FDA во САД, и огромното мнозинство лекари во светот ги игнорираат многубројните позитивни студии за ивермектин против ковид-19, додека во Македонија секојдневно, задушувајќи се, умираат по 25-30 луѓе, додека мнозинството македонски граѓани сѐ уште не можат да се соземат од екстатичната радост за епскиот национален успех на фудбалските херои кои гинеа на теренот за Македонија, вчера пристигна извештај за уште една голема рандомизирана студија за лекување и превентива од ковид-19. Резултатите се повеќе од позитивни.
Објавено на 15.11.2020 - 10:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот биохемичар Едвард Дојзи и канадскиот физиолог Фредерик Бентинг, како и на првиот вештачки создаден снег. Ги одбележуваме успесите на вселенските мисии Маринер 9 и Војаџер 2, и последното вклучување на првиот транзисторизиран суперкомпјутер.
Објавено на 13.11.2020 - 19:15

Медицина
Онлајн магазинот Conversation во неколку од неговите изданија, кои покриваат различни говорни и географски подрачја, објави повеќе написи во кои појаснува што точно значат резултатите од новата вакцина за ковид-19 од Фајзер и Биоентек и дали веднаш и сите може да сметаат на неа. Тука ви пренесуваме делови од две нивни статии.
Објавено на 13.11.2020 - 13:30

Pages