Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот пронаоѓач и бизнисмен, Томас Алва Едисон, и на унгарскиот физичар Лео Силард. Го одбележуваме денот кога јапонците за првпат испратија сателит во космосот, а и денот кога во вселената се изврши и втората надградба на телескопот Хабл. Покрај ова одбележуваме и 45 години од смртта на авиоинженерот и конструктор на воздухоплови, германецот Александер Липиш ...
Објавено на 11.02.2021 - 16:00

Телекомуникации
Наутел (Nautel) склучи уште еден голем договор за обезбедување на FM радиопредаватели во Турција. Компанијата треба да ја снабди Турската радиотелевизија (ТРТ) со 30 NVLT FM предаватели со моќност од 5 kW, со можност да купи уште 12, ако има потреба. Предавателите ќе бидат распоредени на клучните локации низ целата земја, со цел модернизација на предавателната мрежа.
Објавено на 11.02.2021 - 13:15

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи накусо ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 11.02.2021 - 12:15

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме денот кога пред точно 25 години човекот, претставуван од велемајсторот Гари Каспаров, за првпат изгуби една шаховска партија од компјутер. Покрај ова го славиме роденденот на шведскиот хемичар и минеролог Теодор Клаве, и им оддаваме почест на математичарката Софија Ковалевскаја и на германскиот физичар Вилхелм Рентген. Се сеќаваме и на првиот судир на два вештачки сателита во орбитата на Земјата...
Објавено на 10.02.2021 - 14:15

Медицина
Честопати се среќаваме со поимите базичен репродукциски број R0 и ефективен репродукциски број Rt (или Re). Да видиме во што се состои разликата меѓу нив.
Објавено на 10.02.2021 - 12:00

Екологија
Еко-Свест: Аерозагадувањето e причина зошто секое второ дете минатата година се лекувало од респираторни болести Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија “убива“ 1 350 луѓе годишно, a децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и...
Објавено на 10.02.2021 - 11:00

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на еден доктор-хирург, еден цитолог и два хемиски елемента :) На денешен ден се родени Норман Шамвеј, првиот американец кој успешно трансплантирал срце, и Јошинори Осуми, јапонецот што го откри процесот на автофагија. Покрај тоа создадени се хемиските елементи копернициум и калифорниум
Објавено на 09.02.2021 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Првата Арапска вселенска мисија, сондата Надеж на ОАЕ денес пристигна до орбитата на Марс. Со ова Емиратите стануваат петта нација којашто испратила свое летало до Црвената Планета. Но, дали мисијата ќе биде и успешна останува да почекаме, додека леталото поминува низ низа клучни маневри за негово поставување во трајна орбита на планетата.
Објавено на 09.02.2021 - 15:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на рускиот хемичар Димитриј Менделеев, на еден од зачетниците на современата научна фантастика во литературата Жил Верн и на програмерот Дејвид Вилер. А на денешен ден беше одобрен и патентот за ‘калкулаторот’ Harvard Mark I
Објавено на 08.02.2021 - 15:00

Телекомуникации
Реномираниот германски производител за предавателни уреди Роде-Шварц (Rohde&Schwarz – R&S) неодамна објави дека е избран да обезбеди инфраструктура од 100 ФМ предаватели со течно ладење за маркантната радиотелевизиска кула Чамлика (Çamlıca) во Истанбул.
Објавено на 08.02.2021 - 11:30

Pages