Медицина
Сè посигурно е дека и во Битола е достигнат врвот на пролетниот бран на епидемијата. Ефективниот репродукциски број Rt, седумдневно усреднет, веќе изнесува околу 0,99, а подвижната средина на дневниот број нови случаи (жолтата линија на првиот дијаграм) бележи реско намалување. Затворањето на кафулињата дојде во вистински час, но штета е што моравме да дојдеме дотука без никаква потреба. Од друга страна, ако мерките беа воведени порано, тогаш бројките, иако побавно, сепак ќе растеа, па населението ќе велеше дека кафеаните биле залудно затворени. Вака маркетиншки испаѓа убаво, но платена е превисока цена.
Објавено на 11.04.2021 - 15:00

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 2 години од првата направена фотографија на црна дупка, 70 години од преземањето на Радио Скопје од страна на Германците, и 35 годни од нашата последна средба со Халеевата комета. Покрај ова го славиме роденденот на основоположникот на македонската алгебра, Ѓорѓи Чупона...
Објавено на 10.04.2021 - 01:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на американскиот биолог Грегори Пинкас и на данскиот архитект Јерн Уцон. Исто така го одбележуваме денот НАСА ги избра првите американски астронаути, и кога беше потпишан договорот за изработка на компјутерот ЕНИАК ...
Објавено на 09.04.2021 - 16:30

Информатика
Деловната социјална мрежа на Мајкрософт LinkedIn, има повеќе од 740 милиони корисници во 200 земји. Ова ја прави атрактивна цел за компјутерските криминалци. Истражувачи од компанијата за кибер-безбедност eSentire ги предупредија корисниците на LinkedIn за измамниците кои нудат лажни работни места со цел да ги заразат компјутерите на корисниците на оваа социјална мрежа со опасниотJavaScript код More_eggs кој отвора задна врата.
Објавено на 09.04.2021 - 12:45

Медицина
Се покажа дека моделот на квадратична регресија на десезонираните дневни броеви на нови случаи (со исклучено влијание на деновите од неделата и променливиот број на тестирања) дава најмали доцнења во предвидувањата. Тоа што уште пред една недела за првпат го видовме како претпоставен максимум на бранот, од сегашна перспектива се покажа дека било точно. Иако врвот во суштина претставува временски интервал (плато), доколку мораме да наведеме датум на врвот, тоа би бил 30 март, денот со најголеми дневни бројки и истовремено темето на параболата (квадратчињата со ќерамидна боја) на првиот дијаграм.
Објавено на 08.04.2021 - 21:45

Хемија
Кога по долгиот ден ќе посегнете по пивото од вашиот фрижидер сигурно отпадот не ви е ни на крај памет. А зад производството на пиво остануваат огромни количини на биомаса како отпад. Но, не очајувајте. На пивското еко-расипништво се чини дека му доаѓа крај благодарение на истражувањето на научниците од Вирџинија Тек од САД кои изнајдоа начин како да го искористат овој био-отпад.
Објавено на 08.04.2021 - 16:00

Омнибус
Дојче Пост ДХЛ Групацијата забележала раст на приходите за 5,5 проценти на 66,8 милијарди евра во 2020 година. Овој раст беше пред сè управуван од глобалниот бум во електронската трговија. Мерките за справување со пандемијата кои се спроведуваат ширум светот доведоа до зголемена количина на пратки.
Објавено на 08.04.2021 - 13:45

Медицина
Група научници од Центарот за исхрана, вежбање и метаболизам на Универзитетот во Бат, во Велика Британија, го проучувале ефектот на скршениот сон и на утринското кафе, притоа користејќи низа различни метаболички маркери. Резултатите од нивното истражување укажуваат на тоа дека иако една непроспиена ноќ нема некое особено влијание врз метаболизмот, пиењето кафе прва работа наутро по бессоната ноќ може да придонесе за лоша контрола на шеќерот во крвта.
Објавено на 07.04.2021 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на летот на малиот хеликоптер низ марсовата атмосфера
Откако малиот хеликоптер Ingenuity (Креативност) беше спуштен од утробата на роверот Perseverance (Истрајност) и оставен сам на себе на површината на црвената планета во неделата по наше земско време, тој се соочи со еден голем предизвик – да се преживее студената марсовска ноќ.
Објавено на 06.04.2021 - 22:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на хрватскиот философ и научник Стјепан Грдиќ и на холандскиот аеронаутички пионер и производител на авиони Антон Фокер. Покрај ова го одбележуваме денот кога е лансиран првиот комуникациски сателит Интелсат 1, и денот кога е лансирана сондата Пионир 1, со помош на која се добиени првите директно собрани податоци за планетата Сатурн. А денес е и ден за сеќавање на придонесите на норвешкиот математичар Нилс Абел ...
Објавено на 06.04.2021 - 19:15

Pages