Медицина
Најновите пресметки на одвишната смртност од почетокот на епидемијата заклучно со 30.9.2021, врз основа на ноемврискиот билтен на Државниот завод за статистика, кажуваат дека бројот на одвишни умрени, над очекуваната сезонска смртност, изнесува 12 133 лица (со 95% интервал на доверба од 11 408 до 12 857 лица).
Објавено на 10.12.2021 - 12:15

Роботика
Веќе ги знаеме неверојатните роботи на Бостон Дајнамикс кои го свртеа вниманието на сите со видеа коишто ги демонстрираат нивните можности и агилност. Но, многу пред нив луѓето се обидуваат да создадат робот којшто по сè ќе наликува на човек. Па до каде сме со оваа работа, м?
Објавено на 09.12.2021 - 13:15

Физика
Користејќи математички модели и компјутерски симулации, науката се обидува да објасни што се случува кога една маса густо спакувани луѓе ќе почне одеднаш неконтролирано да се движи. На 6 ноември оваа година, во Хјустон, Тексас, во мешаницата што се случи за време на концертот на раперот Тревис Скот, осум лица загинаа а уште 25 беа хоспитализирани поради повреди. Паркот NRG, каде што се случи настанот, бил преполн, а неколку луѓе започнале да се пробиваат низ толпата за да стигнат до првиот ред под бината. Толпата што ги следела го направи останатото – некој паднал, некој туркал за да не ги згази несреќниците, сè дури притисокот не стигнал до бариерите што ја предизвикале трагедијата.
Објавено на 07.12.2021 - 17:00

Информатика
Растечки тренд кај домашните мрежи се приклучоци со брзина поголема од 1 Gbps, кои ќе имаат доволна брзина за мрежите од иднината. Таквите приклучоци повеќе не се наменети само за малите и средните бизниси или за големите претпријатија. Сè повеќе приватни корисници уживаат во поголема брзина, поширок опсег на широкопојасниот интернет и поголемата стабилност на приклучоците за целиот дом.
Објавено на 07.12.2021 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Целосното затемнување не Сонцето од 2015 година видливо од поларните области на Норвешка
Ц елосно то затемнување на Сонцето коешто овој викенд, на 4 декември, беше видливо само од регионот на Антарктикот им пружи единствена можност на истражувачите да дознаат повеќе за тоа како затемнувањата на Сонцето влијаат на вселен ск ата “ метео ” состојба . Следното целосно затемнување коешто ќе биде видливо од Антарктикот ќе се случи дури во 2039 година.
Објавено на 06.12.2021 - 14:15

Медицина
Истражувачите на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Вирџинија развиле неинвазивен начин за отстранување на мозочните врски што не работат како што треба. Новата метода би им овозможила на лекарите да ги лекуваат некои невролошки болести без потреба од конвенционална операција на мозокот.
Објавено на 06.12.2021 - 13:15

Омнибус
Велосипедисти на улиците на Копенхаген, Данска
Дека активниот живот и движењето е добро за вас се знае одамна. Сега, едно ново истражување проценува дека милиони животи би можеле да бидат продолжени доколку луѓето се префрлат од возење автомобили на користење велосипед за речиси сите нивни потреби.
Објавено на 03.12.2021 - 15:00

Информатика
Финскиот Национален центар за кибер безбедност (NCSC-FI) издаде сериозно предупредување за нов бран на инфекции на уредите со Android со банкарскиот малициозен софтвер Flubot, којшто се шири преку СМС пораки испратени од компромитирани уреди.
Објавено на 03.12.2021 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Истражувачи од Центарот за астрофизика при Харвард и Смитсонијан забележаа нов тип бинарни ѕвезди за коишто долго време се теоретизираше дека постојат. Откритието конечно ја потврдува теоријата за формирање и еволуција на овој редок тип ѕвезди во универзумот.
Објавено на 02.12.2021 - 12:45

Климатологија
Дождот би можел да ги замени снежните врнежи на Арктикот неколку децении порано отколку што тоа се мислеше, се тврди во трудот објавен оваа недела во списанието Nature. Авторите предупредуваат дека промената предизвикана од глобалното затоплување сосема веројатно носи последици и за остатокот од светот.
Објавено на 01.12.2021 - 16:00

Pages