Просечната глобална температура надмина 17 степени за прв пат од почетокот на евиденцијата во 1800-тите. Просечната дневна температура на воздухот на површината на планетата на 3 јули беше регистрирана на 17,01 Целзиусови степени според податоците од Националниот центар за предвидувања за животната средина, огранок на NOAA. Рекордот ја надмина претходната највисока просечна дневна температура од 16,92°C забележана во август 2016 година, за време на последниот период на Ел Нињо што го прогласија нациите и во западниот и во источниот дел на Тихиот Океан.
Рекордот допрва треба да биде потврден со други мерења, но наскоро би можел да биде соборен со почетокот на летото на северната хемисфера. Просечната глобална температура обично продолжува да расте до крајот на јули или почетокот на август. Температурите веројатно ќе се зголемат уште повеќе над историските просеци во текот на следната година со почетокот на временскиот феномен Ел Нино во Тихиот Океан. Имено Светската метеоролошка организација веќе потврди дека феноменот Ел Нињо е во тек, придружувајќи се на прогнозата на НОАА со седиште во САД, иако австралиското биро за метеорологија останува во режим на „Подготвеност за Ел Нињо“. Истовремено податоците од Службата за климатски промени Коперник на Европската унија покажаа дека првите денови од јуни ги надминале со 1,5°C прединдустриските температури. За потсетување, зголемувањето од 1,5°C на глобалната температура беше аспиративната цел поставена во Парискиот климатски договор од 2015 година.
Овие прекршувања на праговите доаѓаат во време на постигнувањето нови температурни рекорди низ делови од северната хемисфера – овој јуни бил најжежок откако се бележат температурите за Велика Британија, што според Метеоролошката канцеларија на нацијата се должи на климатските промени. Просечната средна температура за јуни оваа година била 15,8 °C, што е речиси цел степен потопло од претходниот рекорд од 14,9 °C забележан во 1940 и 1976 година.
Просечната температура на воздухот во светот, која флуктуира помеѓу околу 12 Целзиусови степени и нешто под 17 Целзиусови степени во секој даден ден во годината, беше во просек 16,2 Целзиусови степени на почетокот на јули помеѓу 1979 и 2000 година.
На Антарктикот, постојаниот и загрижувачки тренд на рекордно низок морски мраз ги натера научниците итно да бараат одговори. На 21 февруари, морскиот мраз на Антарктикот достигна рекордно ниско ниво, барем од почетокот на сателитските записи за него од 1979 година. Топењето на морскиот мраз се забрза по 2016 година. Но, причините за тоа се сѐ уште нејасни. Овој тренд доаѓа по забележаните рекордни минимални нивоа од 2022 година, што се на пат да бидат уште пониски во оваа 2023 година. Иако причините за ненадејниот пад на морскиот мраз не се целосно разбрани, мошне веројатно своја улога во овој процес имаат зголемените глобални температури.
Графикот на Националниот центар за податоци за снег и мраз при Универзитетот во Болдер Колорадо ја прикажува рекордно ниската површина на мразот на Антарктикот во 2022 година, означена со црвената линија со точки. Сегашната површина на морскиот мраз во 2023 година, вклучително и рекордно ниското ниво забележано во февруари, е означена со полната сина линија. Фото: National Snow and Ice Data Centre, University of Boulder Colorado
Графикот на Националниот центар за податоци за снег и мраз при Универзитетот во Болдер Колорадо ја прикажува рекордно ниската површина на мразот на Антарктикот во 2022 година, означена со црвената линија со точки. Сегашната површина на морскиот мраз во 2023 година, вклучително и рекордно ниското ниво забележано во февруари, е означена со полната сина линија. Фото: National Snow and Ice Data Centre, University of Boulder Colorado