Рубрика: Астрономија и астронаутика
Virgin Galactic конечно го оствари првиот комерцијален лет
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.06.2023 - 11:30

По низа пехови и перипетии, вчера конечно се случи првиот комерцијален лет на Virgin Galactic. Да потсетиме Virgin Galactic лета повторно по речиси две години застој, што се должеше на низа технички проблеми. Компанијата ја исполни својата прва комерцијална мисија испраќајќи четворица патници во суборбиталниот простор и назад. Се работи за значаен момент за Virgin Galactic, компанија што има големи амбиции во врска со “последната граница”.

Mисијата Галактик 01 (Galactic 01) полета од космодромот Spaceport America во Ново Мексико вчера во 10 часот и 30 минути по локално време (16 и 30 по македонско) и го пристигна во суборбиталниот простор за околу 58 минути подоцна. По неколку минути лебдење во апогејот од 85,1 километри, вселенското летало потоа се врати во Spaceport America и слета во 11 часот и 42 минути по локално време односно 17 часот и 42 минути по македонско време.

Клиенти на Галактик 01 беа италијанските воздухопловни сили и италијанскиот Национален истражувачки совет (познат под акронимот CNR), кои го резервираа летот на SpaceShipTwo за суборбитално истражување уште во 2019 година.

Двете организации денеска ставија тројца луѓе на Unity: Валтер Виладеи, полковник во италијанските воздухопловни сили; потполковникот Анџело Ландолфи; и Панталеоне Карлучи, стратешки проект-координатор за стратосферски и воздушни лансирања при CNR.

На нивниот лет триото носеше разновидна научна опрема и спроведоа вкуно 12 научни експерименти, од кои 8 технолошки и 4 медицински. Експериментите се движеа од проучување на однесувањето на течностите во отсуство на гравитација до дејството на зрачењето врз човечкото тело. Така, Виладеи носел костум за следење на биометриски податоци, со кој следело како неговото тело реагира на микрогравитацијата, а Карлучи имал голем број телесни сензори за слична намена. Лендолфи, лекар кој е обучен и како воздухопловен хирург, спровел неколку експерименти за мешање на одредени цврсти и течности во услови на микрогравитацијата и опишал како летот влијаел на неговата когнитивна состојба, меѓу другото.

Четврт патник во кабината на Unity беше астронаутот инструктор на Virgin Galactic, Колин Бенет, кој го процени искуството на италијанското трио со летот, информации што ќе помогнат во планирање на следните чекори на компанијата. Ова е втор вселенски лет на Бенет, кој беше еден дел од екипажот на Бренсон при тест-мисијата во јули 2021 година.

Мајк Масучи и Никола Пециле стигнаа во вселената и денес, како командант и пилот на VSS Unity, соодветно. Кели Латимер и Џамеел Јанџуа летаа со VMS Eve, леталот што остана во атмосферата на Земјата а од кое се лансираше Unity.

Галактик 01 е само почеток,ако сѐ тече според планот за Virgin Galact. Имено, летот е прв од серијата планирани летови од областа на „вселенскиот туризам“ во најширока смисла, иако некои од летовите, како во случајот со Галактик 01, внесуваат и висока научна компонента.Компанијата вели дека стотици луѓе веќе резервирале возење на SpaceShipTwo, по цена од (неодамна) 450 000 долари за седиште.

Virgin Galactic има за цел да ги изведе овие летови со клиентите што е можно поскоро колку што тоа го дозволуваат безбедносните услови. Вториот комерцијален лет, Галактик 02, е најавен за почетокот на август, а потоа компанијата планира Unity да реализира најмалку еден лет месечно.

Клучни зборови: