Минатиот викенд, од 3 до 5 февруари, се одржа 11-тото издание на Global Game Jam Македонија во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Настанот се одржа во 2 града, Скопје и Битола. Домаќин во Скопје беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во Битола компанијата за развивање на видео игри Kamai Media. Global Game Jam е своевиден хакатон на кој во текот на 48 саати се креираат игри на зададена тема. Се одржува во исто време низ целиот свет и на него се вклучуваат десетици илјади учесници од речиси секоја земја. Темата на Global Game Jam 2023 беше "Roots" односно "Корени". Во Македонија имаше над 100 учесници – професионалци, студенти и ентузијасти, а беа направени вкупно 20 игри од кои 17 во Скопје и 3 во Битола.