Уште пред 2-3 дена репродукцискиот број Rt започна да ни ги упатува првите абери за забавување на намалувањето на дневните броеви. Иако тој сé уште е под единица, индицирајќи намалување (на дијаграмот на првата слика), се работи за усреднети вредости, односно седумдневна подвижна средина. Последниве три дена имаме надединечни дневни вредности за Rt, но можно е тоа да е резултат на аномалијата со намалениот број на тестирања за празникот 8. Септември. Поради инерцијата броевите не можат веднаш да започнат да растат, за тоа би им требало барем десетина дена, но минатата година во приближно истиот период имавме речиси идентична слика.