Раните во устата зараснуваат побрзо од повредите на други делови на кожата, а сега научниците се обидуваат да дознаат како устата залекувањето го прави побрзо. Според истражувањата објавени во Science Translational Medicine, некои од поголемите регулатори на активноста на гените се вклучени во “прекувремената” работа која устата ја презема во залекувањето на раните без лузни. Овие регулатори коишто всушност претставуваат протеини, познати како SOX2, PITX1, PITX2 и PAX9, се активни во кожните клетки наречени кератиноцити во устата, но не и во клетките на кожата од раката. Регулаторите го држат под контрола воспалението коешто може да доведе до создавање на лузни, а ги вклучуваат молекуларните програми поврзани со движењето на клетките и затворањето на раните, велат истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего и Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд.