Климатологија
Врнежи од дожд биле регистрирани на највисоката точка на Гренланд, нешто што не се случило во последниве неколку децении, а колку што им е познато на научниците, вакво нешто не се случило ниту порано.
Објавено на 31.08.2021 - 13:30

Физика
Истражувачите од Атомската лабораторија ЛЕГО при Универзитетот во Северна Флорида откриле нов електронски феномен. Тие феноменот го нарекоа “aсиметрична фероелектричност“. Истражувањето предводено од д-р Маитри Варусавитана, доцент по физика на споменатиот универзитет, било спроведено во соработка со истражувачи од Универзитетот во Илиноис и Државниот универзитет во Аризона. Феноменот на aсиметрична фероелектричност за прв пат бил демонстриран кај лабораториски создадени дводимензионални кристали.
Објавено на 30.08.2021 - 12:15

Медицина
Точно како што предвидуваше теоријата уште на почетокот на овој бран, при поголема преносливост (поголем базичен репродукциски број R0) бранот побрзо искачува, врвот побргу се достигнува, а би требало и намалувањето на дневните броеви да биде побрзо.
Објавено на 27.08.2021 - 10:15

Информатика
Околу 38 милиони записи складирани со услугите на Мајкрософт, вклучително и приватни информации, оваа година по грешка биле оставени како достапни, соопшти во понеделникот безбедносната компанија UpGuard.
Објавено на 25.08.2021 - 11:30

Медицина
За денеска една добра и една лоша вест. Добрата вест е дека во последниве седум дена забележуваме голем пад на преносливоста, односно ефективниот репродукциски број нагло опадна на само Rt = 1,33 ± 0,36, што можеби сигнализира побрзо настапување на врвот и пониски максимални дневни броеви од вчера прогнозираните. Не се должи ова само на малите викенд-броеви, туку целата измината недела забрзувањето се намалувало. Понеделнички броевите ќе бидат мали, па откако ќе се стабилизираат тестирањета, од вторник натаму ќе имаме подобра слика.
Објавено на 23.08.2021 - 10:45

Астрономија и астронаутика
Кинеските астронаути во петокот излегоа на “прошетка” во вселената за да можат да ги одработат завршните активности на роботската рака на Небесната палата – кинеската вселенска станица Тјангонг .
Објавено на 20.08.2021 - 15:15

Биологија
Ширењето на чили пиперките низ целиот свет засекогаш го промени ликот на кулинарските култури. Еден истражувачки тим го следеше ова патување со примена на геномиката и откри дека пикантниот вкус бил главен поттик во трговијата и во побарувачката.
Објавено на 20.08.2021 - 12:30

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој деветти дел од серијата зборуваме за темата: „Сенките на фоторафиите од Месечината“.
Објавено на 19.08.2021 - 12:15

Фототехника
Автор на оваа преубава астрофотографија од активната површина на Сонцето е фотографот Мехмет Ергун (Mehmet Ergün). На фотографијата јасно е забележлива сончевата зовриена површина и една помала протубераца, односно ерупција на работ на Сонцето.
Објавено на 19.08.2021 - 11:00

Како што минатата недела јавија неколку посериозни портали, меѓу кои британскиот Гардијан, американскиот Вајс Њуз, но и научно-популарниот Лајв Сајанс, на небото над Канада бил забележан НЛО со светлозелена боја. Како што се вели во извештаите, видувањето на НЛО било пријавено од еден комерцијален авион и еден воен авион. Мистериозниот зелен “објект” потоа исчезнал во облаците над заливот Сент Лоренс, на канадскиот атлантски брег.
Објавено на 18.08.2021 - 14:15

Pages