Астрономија и астронаутика
Денес, во утринските часови се случи најдолгото затемнување на Месечината во изминатите 500 години... за жал ние го пропуштивме. Не, не беше тоа поради некоја друга преокупација, едноставно тоа не беше видливо од нашиот регион.
Објавено на 19.11.2021 - 16:00

Медицина
Колку и да изгледа неочекувано, трендот на забавување на епидемијата, прв пат забележан уште минатиот петок, продолжува неделава. Ефективниот репродукциски број Rt е помал од единица во сите временски рамки, од седумдневна до 20-дневна. Rt со седумдневно усреднување (на дијаграмот на првата слика) не слегува многу под единица, но ниту се искачува многу над неа во есенскиот дел од четвртиот бран.
Објавено на 19.11.2021 - 13:30

Информатика
Глобалната компанија за консалтинг, софтверско инжењерство и развој на дигитални производи HTEC Group, која во јуни отвори технолошко-развоен центар во Скопје, денес го објави преземањето на едно од најуспешните студија за производен дизајн во светот – Momentum Design Lab.
Објавено на 18.11.2021 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Американската стартап компанија СпинЛонч којашто сака да обезбеди алтернатива за ракетното лансирање, неодамна објави дека го остварила првиот успешен тест. За лансирање на товарот компанијата користи џиновска центрифуга во којашто тој се врти со голема брзина и исфрла на голема височина.
Објавено на 18.11.2021 - 13:00

Архитектура и градежништво
Минатата недела во рамките на самитот за климатски промени COP26, една архитектонска фирма одржа презентација во којашто предложи облакодери на иднината коишто би можеле да отстранат повеќе јаглероден диоксид од воздухот отколку што испуштаат. Нивниот концепт-дизајн за еден таков облакодер тие го нарекле Урбана секвоја, во чест на познатите џиновски дрвја од американското поднебје.
Објавено на 17.11.2021 - 16:15

Медицина
Предвременото раѓање е најчеста причина за смрт кај новороденчињата и предизвикува еден милион смртни случаи годишно. Светскиот ден на предвремено родените деца, 17 ноември, е посветен на сите новороденчиња кои се борат за живот.
Објавено на 17.11.2021 - 12:30

Климатологија
Тим од истражувачи од Универзитетот Монаш и од Универзитетот Хасанудин во Индонезија открија дека некои луѓе кои живеат во тропските региони веќе живеат во услови на топлотен стрес коишто се близу до горната граница на условите што човек може да ги преживее.
Објавено на 16.11.2021 - 13:15

Омнибус
Големото фармацевтско трио – Фајзер, Бионтек и Модерна – со секоја минута заработуваат вкупно 65 000 американски долари од нивните вакцини против ковид-19. Истовремено, населението во најсиромашните држави во светот во најголем дел останува невакцинирано. Вакви се резултатите од најновата анализа направена врз основа на извештајите за заработка на овие фирми.
Објавено на 16.11.2021 - 12:00

Психологија
Двајца психолози, Ринк Хоекстра од Универзитетот Гронинген и Симине Вазир од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, во списанието Nature Human Behavior објавија напис – свое видување за трудовите од областа на социјалните, бихејвиоралните и животните науки, во кое повикуваат колегите да покажат малку поголема скромност при презентирањето на нивните наоди.
Објавено на 15.11.2021 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Фотографот Флоријан Кунт заедно со еден негов пријател патувал пеш низ “дивината” на северна Норвешка со цел да ја фотографира поларната светлина. Последната ноќ од неговиот излет, во моментите пред да ја спакува камерата, Кунт забележал силна светлина на небото, за којашто подоцна ќе сфати дека е ракета на НАСА којашто истата вечер била лансирана од Калифорнија.
Објавено на 15.11.2021 - 12:15

Pages