Геологија
Во текот на изминатите неколку децении, научниците направија една интересна опсервација којашто потврди дека должината на денот варира неправилно. Зошто ова се случува? Според една нова студија главен виновник е однесувањето на внатрешното јадро. Според сеизмичките набљудувања, јадрото се движело, осцилирало, па дури и ја менувало брзината на ротација со текот на годините!
Објавено на 15.06.2022 - 12:45

Информатика
Мајкрософт во голема мера го спроведува својот план за елиминирање на Internet Explorer, како што беше најавено минатата година, а крајниот датум е утре – 15 јуни. Компанијата објави пред повеќе од една година дека Explorer ќе биде отстранет од Windows 10, додека во неговата надградба – Windows 11...
Објавено на 14.06.2022 - 17:30

Омнибус
Дивизијата за управувани услуги на Сеавус само што го доби својот 250-ти вработен. Ова е огромно достигнување за дивизијата во која работат луѓе од 15 различни националности и од 17 различни градови во светот. Всушност, во последниве неколку месеци, истата порасна за дури 65 вработени, од кои десетмина доаѓаат од ITOSE талент програмата на компанијата.
Објавено на 14.06.2022 - 14:00

Информатика
Со огромно задоволство имаме чест да го најавиме летниот Game Jam односно MAGDA 1UP Hyper Jam - 48 часовен маратон во креирање Hyper Casual видео игри кој ќе се одржи од 18 до 19ти јуни.
Објавено на 13.06.2022 - 15:30

Омнибус
Со гордост би ја споделиле веста дека Women in Tech Macedonia доби награда на глобалниот самит во Париз за локална организација којашто имала најголем импакт во едукација, една од петте цели за одржлив развој во кои беа доделени наградите.
Објавено на 13.06.2022 - 13:15

Информатика
Во азиското тргување биткоинот денеска падна на најниското ниво во последните 18 месеци. Резултатот е поттикнат од загрижувачките податоци за инфлацијата во Соединетите американски држави кои предизвикаа аверзија кај инвеститорите кон инвестирање во ризични средства.
Објавено на 13.06.2022 - 12:30

Енергетика
Иако сè уште ниту летото не е официјално започнато, но знаејќи дека нè очекува тешка година, токму сега е време за да ги истражиме сите опции за што поекономично, а по можност и “почисто” домашно затоплување во следната грејна сезона.
Објавено на 11.06.2022 - 14:30

Медицина
Во некои случаи, клетките на туморот покажуваат отпорност на третмани со хемотерапија. Новиот епигенетски механизам може да го објасни овој феномен. Еве од што се состои стратегијата за подобрување на ефикасноста на хемотерапијата...
Објавено на 09.06.2022 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на вселенскиот телескоп Џејмс Веб во длабоката вселена
Кон крајот на мај новата моќна вселенска опсерваторија на НАСА, вселенскиот телескоп Џејмс Веб, беше погоден од нешто поголем микрометеороид од предвиденото. Ударот предизвика забележлива штета на еден од 18-те примарни огледални сегменти на вселенското летало. Иако ударот значи дека тимот на мисијата ќе мора да го поправи изобличувањето создадено од него, од НАСА велат дека телескопот „ сè уште работи на ниво што ги надминува сите барања за мисијата “.
Објавено на 09.06.2022 - 12:45

Информатика
27-те земји на Европската унија се согласија да ја наметнат употребата на универзален USB Type-C приклучок кај жичените полначи за сите брендови до есента 2024 година. Ова значи дека и полначите за iPhone на Apple ќе мора да се видоизменат или ќе бидат забранети во ЕУ до крајот на 2024 година...
Објавено на 08.06.2022 - 13:00

Pages