Екологија
Вашиот јаглероден отпечаток можете да го намалите не само ако внимавате на тоа што го јадете, туку и ако водите сметка од каде доаѓа вашата храна. За прв пат, една студија го проценува процентот на емисиите што се припишуваат на транспортот на храна на глобално ниво. Според ова, транспортот на храна е одговорен за речиси 20% од емисиите на јаглерод диоксид поврзани со храната. Бројките зборуваат сами за себе!
Објавено на 22.06.2022 - 13:45

Архитектура и градежништво
Научниците од технолошкиот универзитет Нанјанг (NTU) во Сингапур успеаја да создадат нов вид цемент којшто го претставуваат како одржлива и обновлива алтернатива на традиционалниот цемент. Направен е од индустриски и од биолошки отпад, може да се користи за градежни проекти, но и за зачувување на природни локалитети.
Објавено на 21.06.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Денес, во 11 часот и 13 минути (9:13 UTC), официјално започна летото. Ова значи дека на денот на летниот солистициум, Сонцето ја достигнува највисоката точка на небото над северната хемисфера, што го прави 21-ви јуни најдолгиот ден во оваа година за секое место северно од Северниот напоредник (23°26′). По летната долгоденица, времето на дневна светлина станува сè пократко, секој ден, сè до денот на зимската краткоденица во декември.
Објавено на 21.06.2022 - 13:15

Омнибус
По две години пауза поради пандемиските услови, ФЕИТ организираше свеченост за промоција на 181 кандидат кои ги завршија студиите од првиот и вториот циклус на ФЕИТ. Промоцијата се одржа пред широка публика која го вклучуваше ректорот на УКИМ, како и проректори, декани, продекани, професори, претставници од компаниите, претставници на ФЕИТ Алумни, родители, студенти, и пријатели на магистрите и дипломците.
Објавено на 20.06.2022 - 12:30

Информатика
Писателот на научна фантастика Исак Асимов беше меѓу првите кои размислуваа за иднината во која човештвото создава вештачка интелигенција која станува свесна за себе и светот во којшто живее. По ултрапознатиот „Јас, робот“ на Асимов и други писатели, но и научници, размислуваа за предизвиците и за опасностите што таквата иднина може да ги донесе со себе. Дали би требало да стрепиме од можноста свесни роботи да ја преземат планетата? Дали научниците ненамерно работат на нашата пропаст? Како би изгледало општеството со свесна вештачка интелигенција?
Објавено на 18.06.2022 - 12:45

Медицина
Редовната физичка активност носи многу придобивки за телото, и физички и психички. И покрај тоа, мотивацијата за ‘потење’ не секогаш е присутна... Но, што ако голтањето една единствена пилула дневно би ни ги овозможила истите придобивки?
Објавено на 17.06.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Научниците пронајдоа две карпести егзопланети, не многу поголеми од Земјата, што орбитираат околу ѕвезда мошне блиска до нас. HD 260655 е ѕвезда од типот црвено џуџе, односно ѕвезда од М-класа со мала маса, а оддалечена околу 33 светлосни години од нас.
Објавено на 17.06.2022 - 13:15

Информатика
Со почеток во 16 часот оваа сабота, 18.6.2022, ќе се одржи конференцијата UIUXMKD – Think and create outside the box, во организација на Women in Tech Macedonia . Бидете во тек со најновите трендови за дизајн и корисничкото искуство преку разговорот со 4 професионалци од индустријата. Поради голем интерес, конференцијата ќе биде онлајн. За присуство на конференцијата пожелно е да се регистрирате...
Објавено на 17.06.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Кинeскиот државен журнал Science and Technology Daily објави дека кинескиот џиновски телескоп Sky Eye можеби забележал знаци на вонземски цивилизации. Но, во контроверзен пресврт сензационалната вест и извештајот со објавите за откритието мошне бргу беа отстранети од сајтот. Дали Кина крие дека стапила во контакт со вонземјаните или можеби кинеските научници забележале грешка во наодите?
Објавено на 16.06.2022 - 14:30

Информатика
CrazyLabs како водечки hyper-casual и casual развивач и издавач, веќе 5 години има успешна соработка со светски познатата компанија Google. За предностите кои ги нуди Google, тимот на User Acquisition CrazyLabs имаше чест минатата недела да биде домаќин на експертите од оваа светска мрежа, кои ги посетија канцелариите во Македонија, лоцирани во Мерцедес премиум центар. На овие средби се презентираа benchmarks на индустријата, стратегиите за оптимизирање на кампањите, како и за предностите кои ги нуди Google сѐ со цел да се направи чекор напред, кон уште поуспешна идна соработка меѓу двете компании.
Објавено на 16.06.2022 - 13:30

Pages