Рубрика: Омнибус
Ин мемориам Мирослав Бошковиќ (1950-2023)
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.12.2023 - 14:30

Со жалење ја пренесуваме веста дека на 25 декември, на 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ, поранешен атлетичар, професор по историја во пензија и автор на десетици научно-популарни статии објавени во списанието и на веб порталот ЕМИТЕР.

Роден е во Велес, на 7 ноември 1950 година. Во спортот се вљубил на млади години, и таа вљубеност ќе трае и ќе го одбележи целиот негов живот. Бошковиќ уште од школските денови ќе започне активно да се занимава со атлетиката, како натпреварувач но и како судија. Значаен дел од неговото време го поминува во различни ангажмани во овој домен – како член на АК Вардар, како судија, но и како хроничар, евидентичар на резултатите и на рекордите. Бошковиќ настапуваше и за репрезентацијата на Македонија, а како судија имаше чест да биде и меѓу арбитрите на Универзијадата во Загреб во 1987 година.

Заедно со учениците, членови на секцијата Млади историчари, во посета на Канео, Охрид

Академското образование го завршува на УКИМ во СКопје, каде дипломирал историја во 1973 година: По ова, како професор по историја се вработува во ЕТУЦ Михајло Пупин во Скопје, каде ќе работи во наредните 40 години. Беше човек кој ја почитуваше и сакаше неговата професија, кој сакаше да ги споделува неговите знаења. Па така, знаеше да ги анимира учениците и со организација на наставни излети до некои од познатите историски локалитети во околината на Скопје, но и низ Македонија.

Мирослав беше еден од првите соработници кои му се приклучија на ЕМИТЕР кога списанието во 2002 година го прошири концептот и прерасна во магазин за популаризација и примена на науката и техниката. Своите професионални познавања од областа на историјата и географијата сесрдно ги споделуваше со нашите читатели слично како што тоа го правеше со неговите ученици. Со задоволство ги читавме и споделувавме до вас неговите написи за македонската културна и историска ризница. Неколку од овие безвременски написи допрва треба да се појават на страниците на ЕМИТЕР.

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Редакцијата на ЕМИТЕР изгуби пријател и значаен автор, но неговите статии вечно ќе останат како сведок на неговото знаење и ангажман во популаризацијата на науката.

Клучни зборови: