Астрономија и астронаутика
Русија ја испитува способноста за летање на капсулата за пренос на екипаж Сојуз која е закачена за Меѓународната вселенска станица а која имаше истекување минатата недела. Според изјавите на официјални лица дадени во четвртокот, поради наведениот проблем русите можеби ќе треба да испратат брод за спасување на нивниот екипаж кој остана ‘заглавен’ на МВС.
Објавено на 23.12.2022 - 09:30

Хемија
Досега имало повеќе обиди за изработка на “паметни етикети” што откриваат дали храната е погодна за јадење или не. Имено, паметната ознака вклопена во дизајнот на пакувањето/етикетата би требало да покаже ако производот започнал да се расипува. Ова е последното од овие решенија и е најнапред наменето за употреба во месната индустрија.
Објавено на 22.12.2022 - 11:45

Информатика
Порталот за информатичка технологија IT.mk објави листа на топ 10 жени од Македонија во ИТ индустријата, кои со своите успеси активно придонесуваат за зајакнување на оваа сфера и треба да послужат како мотивација и инспирација на сите. Изборот е направен од страна на редакцијата на IT.mk, во консултација со организациите Women In Tech Macedonia, Startup Macedonia и GEA.
Објавено на 21.12.2022 - 17:45

Хемија
Знаеме за жолто злато, бело злато, па и розово злато, но, виолетово злато? А сепак, некои делови од позлатата на арабескните украси во палатата Алхамбра во Гранада навистина се чини дека даваат чудни пурпурни рефлексии. Овие неверојатни бои, настанати од корозијата, мошне веројатно се поврзани со формирањето на златни наночестички.
Објавено на 21.12.2022 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Кентаур А, една од сателитските галаксии на Млечниот Пат
Астрономите известија дека го решиле необичниот проблем што го реметеше нашето разбирање за тоа како еволуирал универзумот – просторната распределба на сателитските галаксии кои орбитираат околу Млечниот Пат.
Објавено на 21.12.2022 - 12:00

Медицина
Голем број гастроентеролози сè уште препорачуваат скрининг за рак на дебелото црево почнувајќи од 45-годишна возраст. Но, првата рандомизирана студија за успешноста на колоноскопијата во откривањето на болеста може да нè натера да се замислиме дали непотребно ја поднесуваме оваа непријатната процедура. Имено, истражувањето укажува на тоа дека успехот во откривање рак на дебелото црево со редовна колоноскопијата е можеби малку преценет...
Објавено на 20.12.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Јуџин Сернан управува со лунарниот ровер
На 19 декември 1972 година, Аполо 17 се врати од Месечината и со тоа заврши ерата на мисиите Аполо. По тој повод ви пренесуваме едно постаро интервју со Јуџин Сернан, човекот кој го остави последниот отпечаток од стапало на површината Месечината.
Објавено на 19.12.2022 - 15:45

Геологија
Мапирањето на светските езера откри зголемување на бројот на помали езера. Податоците се алармантни бидејќи тие испуштаат големо количество јаглерод диоксид и метан.
Објавено на 19.12.2022 - 13:15

Физика
„ Дали кога сите луѓе истовремено би седнале во океанот би очекувале да се покачи неговото ниво? ” – хипотетичко и забавно прашање произлезено од љубопитните и умни детски глави.
Објавено на 16.12.2022 - 17:00

Медицина
Дали некогаш сте се нашле сред соба, подзинати, очајно обидувајќи се да се сетите зошто влеговте... или сте заборавиле нечие име веднаш штом ви го кажале? Научниците можеби наскоро ќе можат да ви помогнат со овој проблем.
Објавено на 15.12.2022 - 23:00

Pages