Информатика
Вредните инсталации со високи обемни побарувања, каков што е, на пример, хадронскиот судирач на ЦЕРН во Женева, користат апираторни детектори на чад со висока чувствителност.
Дваесет и првиот век донесе нови предизвици и нови опасности кои создадоа потреба за поголема прецизност на уредите за детекција на пожари, но и на системите за известување. Новите технологии, како што е Интернетот на нештата и интеграцијата на интердисциплинарни системи, се користат во инсталациите со цел да се скрати времето потребно за детекција и за реакција, а со тоа да се овозможи побрза и побезбедна евакуација.
Објавено на 15.02.2021 - 10:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот физичар и пронаоѓач, Вилијам Шокли, на човекот кој го проби звучниот ѕид, Чак Јегер, и на најпознатата жена-иноватор, Маргарет Најт. Покрај ова го одбележуваме денот кога е претставен компјутерот ЕНИАК, денот кога Сончевиот систем го доби првиот семеен фото-портрет, денот кога светот се прости од Руѓер Бошковиќ и денот кога конвој од автомобили застава 101 тргнува кон Килиманџаро...
Објавено на 14.02.2021 - 00:30

Телекомуникации
Светски ден на радиото (World Radio Day – WRD) е меѓународен ден што секоја година се слави на 13 февруари. Одлуката за денот на којшто тој ќе се одбележува паднала за време на својата 36-та конференција на УНЕСКО. Светскиот ден на радиото бил едногласно прогласен од сите земји-членки на УНЕСКО, а за прв пат бил прославен на 13 февруари 2012 година.
Објавено на 13.02.2021 - 13:30

Медицина
Во последно време с ѐ повеќе се зборува дека 40% од популацијата е имуна на ковид-19 од прележување и дека ќе биде доволно да се вакцинираат само уште 20% од популацијата за да се постигне колективен имунитет. Сега ќе видиме дека всушност ќе треба многу повеќе, односно најмалку 60%. Краткиот одговор на прашањето зошто е така би бил - бидејќи не знаеме кои од недијагностицираните лица прележале. За подолгиот одговор ќе ни треба една мала пресметка.
Објавено на 13.02.2021 - 12:30

Омнибус
Во овој времеплов ги одбележуваме родендените на англискиот природонаучник, Чарлс Дарвин, на францускиот хемичар Бернард Куртоа и на американскиот визионер, пронаоѓач, футуролог, мислител и претприемач Реј Курцвејл...
Објавено на 12.02.2021 - 14:30

Медицина
Неодамна реномираниот научен магазин Science објави видео во коешто се објаснува на кој начин функционираат засега најупотребуваните и водечки вакцини. Тука ви го пренесуваме видеото кое дава одлично и разбирливо објаснување за механизмите на делување.
Објавено на 12.02.2021 - 13:30

Климатологија
Едно истражување што ги користи сателитските податоци го вклучи алармот – нашата планета го губи мразот со брзина предвидена во најлошото сценарио.
Објавено на 12.02.2021 - 11:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот пронаоѓач и бизнисмен, Томас Алва Едисон, и на унгарскиот физичар Лео Силард. Го одбележуваме денот кога јапонците за првпат испратија сателит во космосот, а и денот кога во вселената се изврши и втората надградба на телескопот Хабл. Покрај ова одбележуваме и 45 години од смртта на авиоинженерот и конструктор на воздухоплови, германецот Александер Липиш ...
Објавено на 11.02.2021 - 16:00

Телекомуникации
Наутел (Nautel) склучи уште еден голем договор за обезбедување на FM радиопредаватели во Турција. Компанијата треба да ја снабди Турската радиотелевизија (ТРТ) со 30 NVLT FM предаватели со моќност од 5 kW, со можност да купи уште 12, ако има потреба. Предавателите ќе бидат распоредени на клучните локации низ целата земја, со цел модернизација на предавателната мрежа.
Објавено на 11.02.2021 - 13:15

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи накусо ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 11.02.2021 - 12:15

Pages