Омнибус
Со извесно задоцнување да ги разгледаме резултатите од уписите на УКИМ во првиот уписен рок за учебната 2023/2024 година. Доцнењето е поради чекањето ФДУ да објави ранг листи на Интернет, но тие тоа никогаш не го направиле.
Објавено на 27.11.2023 - 11:00

Архитектура и градежништво
Американците имаат изградено, тестирано и анализирано толку многу брани, што нивното Биро за одводнување при Министерството за внатрешни работи има подготвено документ за прелиминарна пресметка на основните димензии на двојно закривени лачни брани – погледнете ги само документите Guide for Preliminary Design of Arch Dams и Engineering and Design, ARCH DAM DESIGN
Објавено на 24.11.2023 - 10:45

Информатика
Конечно дојде празникот на сите “шопохоличари” – Black Friday! Ред е да уживате во попустите и купувањето, но внимавајте каде го правите тоа. Kaspersky објави нов извештај во кој ги открива најновите безбедносни закани поврзани со купувањето. Повеќе од 13 милиони фишинг напади поврзани со е-продавници се регистрирани оваа година, при што измамниците се претставувале како популарни платформи за купување, луксузни брендови и продавници за гаџети, велат од Касперски.
Објавено на 24.11.2023 - 09:45

Медицина
Што ако борбата против меланомот започнува со нешто едноставно, како миење? Хеман Бекеле, 14-годишниот Американец со етиопско потекло, ја освои титулата „Најдобар најмлад научник во Америка“ за еден револуционерен изум – тој создаде сапун во чија основа се лекови способни да ја стимулираат природната одбрана на кожата против меланомот, тумор на кожа.
Објавено на 23.11.2023 - 16:30

Информатика
Како што денес јави Ројтерс, целата лавина со четиридневниот егзил на извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, започна со писмо што група вработени го упатила до управниот одбор на компанијата, загрижени поради можно постигнување на нов пробив на полето на ВИ. Според изворите на Ројтерс, писмото предупредува дека моќното откритие би можело да ја загрози иднината на човештвото.
Објавено на 23.11.2023 - 15:30

Информатика
По бурниот викенд – отказ од OpenAI, преговори со OpenAI, неочекуван трансфер во Мајкрософт, најави за повлекување на целиот тим од OpenAI во Мајкрософт, па поддршка од тимот (меѓу кои и од привремениот извршен директор Мира Мурати) со закана како знаат да го вратат главниот во компанијата или и тие бегаат со него, се чини дека соосновачот на OpenAI, Сем Алтман, сепак ќе се врати на позицијата извршен директор во OpenAI!
Објавено на 22.11.2023 - 18:00

Биологија
Слика на бактеријата E. coli под микроскоп
Научниците открија дека бактериите можат да создадат нешто слично на сеќавања за тоа кога да формираат стратегии што можат да предизвикаат опасни инфекции кај луѓето, како отпорност кон антибиотици и формирање на бактериски роеви, процес во којшто милиони бактерии се собираат на една површина. Откритието, кое има потенцијална примена во превенцијата и сузбивањето на бактериските инфекции како и за справување со бактериите отпорни на антибиотици, се однесува на вообичаен хемиски елемент што бактериските клетки можат да го користат за формирање и пренесување на овие сеќавања на нивните потомци во подоцнежните генерации.
Објавено на 22.11.2023 - 15:15

Информатика
Амазон ќе почне да продава автомобили, а моделите од Хјундаи е првите што ќе се најдат во понудата. Компанијата Амазон најави дека продажбата на автомобили на својата онлајн платформа за купување ќе започне од 2024 година.
Објавено на 21.11.2023 - 17:15

Омнибус
Неодамна како подарок за роденден добив машина за пишување, иста онаква на која ги пишував своите први прозни обиди. Стариот ми ја носеше од работа за време на викендот, и така добивав прекрасна „играчка“ со која од својата детска фантазија создавав нови светови. Исто така неодамна, посетив еден индустриски музеј во Германија каде дел од поставката содржеше и стари машини за пишување, кои беа вистински празник за очите. Овие среќни околности ги споив во текст посветен токму на тие „чуда“ на кои беа напишани еден куп значајни книги во минатиот век.
Објавено на 21.11.2023 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година
Во саботата, SpaceX ја лансираше својата мега ракета Starship, но ги загуби и бустер ракетата и вселенското летало само неколку минути по “одлепувањето” од платформата. По полетувањето од Јужен Тексас Старшип стигна до вселената, а потоа одненадеж настана прекин во комуникацијата. Како што известија претставниците од SpaceX, се чини дека системот за самоуништување го разнел вселенското летало над Мексиканскиот залив, само неколку минути откако одвоената бустер ракета (што веќе си ја заврши работата), исто така, експлодираше над заливот.
Објавено на 20.11.2023 - 16:00

Pages