Да не испадне дека кобам, ама дневните броеви на нови случаи започнаа одново да растат во Франција, Германија, Австрија, Словенија и во некои хрватски жупании (окрузи, околии, по македонски), коишто се граничат со Словенија. Секоја година во овие земји брановите започнуваат порано поради постудената клима.