Колумна
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во своите јавни настапи и преку веб-страницата на Министерството, упати повик до наставничката фела и до јавноста за предлози и консултации во врска со неколку образовни теми. Во таа насока, како мој почетен прилог одлучив да објавам еден документ, што го подготвив пред околу 13 години за друга ама слична намена, затоа што во него најголем дел од предлозите се однесуваат за техничкото обрaзование и практичната настава како значајни чинители во развојот на иновативноста и иновативните производи. Се надевам дека овој текст ќе иницира поширока дискусија за наведените теми и дека изложените размислувања и предлози ќе бидат сериозно разгледани од Министерството за образование и наука.
Објавено на 22.07.2024 - 15:45

Енергетика
Амонијакот сè повеќе се смета за носач на чиста енергија и гориво поради неколку поволни својства:
Објавено на 21.07.2024 - 20:15

Математика
Златен медал освои Дамјан Давков на 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.
Објавено на 20.07.2024 - 20:30

Физика
Друштвото на физичарите на Република Македонија на нивниот фејсбук профил објави дека нашиот генијалец Јан Стојановски, го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика што од 15 до 19 јули оваа година се одржа во Кутаиси, Грузија.
Објавено на 20.07.2024 - 15:00

Астрономија и астронаутика
На денешен ден, пред точно 55 години, во 20 часот и 17 минути (UTC), вселенската мисија Аполо 11 беше крунисана со огромен успех. Двајцата патници сместени во месечевиот модул успешно стасаа на целта – Месечината. По серија маневри за слетување, во командниот центар на НАСА одекнаа зборовите што Нил Армстронг ги изговори од површината на друго небесно тело: „Орелот слета“.
Објавено на 20.07.2024 - 12:15

Историја и археологија
Една нова студија, што произлегува од соработката помеѓу италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) и Археолошкиот парк во Помпеја, потврди дека земјотресот што ја погодил областа истовремено со вулканската ерупција на 24 октомври 79 н.е. можеби ги натерал Помпејаните да побараат засолниште на отворено, каде потоа тие биле погодени од пирокластичниот облак.
Објавено на 19.07.2024 - 16:15

Геологија
Нецелосно расцепен и потопен микроконтинент е препознаен десетици милиони години по тектонските поместувања што го изнедриле. Разбирањето на начинот како микроконтинентите се раѓаат може да помогне во превенцијата од катастрофи за време на земјотреси.
Објавено на 18.07.2024 - 18:30

Астрономија и астронаутика
Присуството на тунели (формирани од протоци на лава) под површината на Месечината беше теоретизирано и дискутирано уште пред 50 години. Сега, една меѓународна група истражувачи, координирани од Универзитетот во Тренто (Италија), објави студија за откритие што означува значаен чекор кон потврдата за нивното постоење.
Објавено на 18.07.2024 - 16:15

Аудио и видеотехника
Во ова видео ќе дознаете колкаво е најниското ниво на изобличување што можете да го слушнете со вашиот аудио систем.
Објавено на 17.07.2024 - 12:00

Медицина
Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), која е дел од Светската здравствена организација, го класифицираше талкот како 'веројатно канцероген'. Ова не е првпат да се појави хипотеза за корелацијата помеѓу употребата на овој минерал и појавата на рак, особено рак на јајниците. Меѓутоа, до денес, сè уште не е идентификувана причинско-последична врска, ниту праг, во однос на количината или зачестеноста на употребата, над кој се зголемува ризикот од развој на канцер. Ова значи дека остануваат нешта што треба да се разјаснат. Поради ова треба и да знаеме што точно значи кога ќе се каже 'потенцијално канцероген'.
Објавено на 16.07.2024 - 18:45

Pages